Спортското срце на италијанската убавица се буди и
стапува во акција со желба да им се доближи на љубителите на марката, но и да очара
и создаде нови вљубеници.
Моделот 159 од сега се нуди по значително пониска цена за која во Alfa веруваат
дека ќе им разбуди насмевка и ќе им го отвори срцето дури и на оние
најтврдокорни практичари.
Alfa Romeo 159 во верзијата Elegant опремена
со 7 воздушни перници вклучувајќи и воздушно перниче за колената на возачот, ABS, ASR и VDC со можност
за исклучување, електрика на стакла,
потпирач за раце напред, функција на светла Follow me Home, централна
брава со далечинско со електронски клуч за стартување на моторот, Систем за
заштита од пожар FPS, предни седишта со висинско местење + лумаблно местење
на седиштето на возачот, патен компјутер, електрика на ретровизори и греење, сензор
за абење на сопирачки плочки, светла за магла, автоматски двозонски клима уред,
радио со CD со команди на волан, кожен волан и рачка од менувач,
темпомат и леснометални бандажи од 16 инчи.
Редовнта цена на оваа верзија задвижувана од 1.9
литарскиот бенизнец JTS со 160 коњски сили изнесува 27.500 евра, додека за време
на акцијата е обезбеден попуст од 3.000 евра, што значи дека Alfa
Romeo 159 1.9 JTS Elegant се добива за 24.500 евра.
|