Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi со 42 модели до 2015
30.12.2009

Насловот на најновата информација објавена за медиумите од страна на Audi гласи: „Audi продолжува интензивно да инвестира во иднината”, а под насловот се сокриваат големи планови.

audi-e-tron-1

Од постоечките 34 модели и моделски изведби одговорните во Инголштад планираат понудата на Audi да порасне на 42 модели и моделски изведби до 2015 со инвестиции кои ќе надминат 7 милијарди евра само до 2012.

Поточно, вкупните инвестиции на Audi за периодот 2009 до 2012 ќе достигнат 7,3 милијарди евра од кои околу 5,9 милијарди евра се предвидени за развој на нови модели и технологии меѓу кои влегуваат и хибридни и електрични автомобили.

Останатие 1,4 милијарди евра за развој ќе бидат потрошени до 2015.

„Со наведените инвестиции во нови производи и развој на концепти како на пример електрични автомобили, ние создаваме основа за развој на нашата компанија во иднина,” вели Аксел Штротбек, член на Управниот совет за финансии на Audi AG.

А каква е блиската иднина на Audi?

Уште во 2010 ќе ги видиме новите Audi А1, Audi А7, Audi А8 и Audi R8 Spyder. На крајот на 2010 Audi ќе го претстави првиот сериски хибрид на компанијата Audi Q5 Hybrid кој на пазарот ќе пристигне на почетокот на следната 2011.

Од 2009 до 2012 вкупно 3,8 милијарди евра ќе бидат потрошени на осовременување на фабричките погони во Инголштад и Некарсулм.

Ооколу 2,5 милијарди евра ќе бидат инвестирани во Инголштад каде покрај модернизација на погоните ќе бидат отворени центар за развој и тестирање на трансмии и центар за емисија на издувни гасови.

Понатаму инвестициите во Инголштад ќе опфаќаат и правење на нови алати за малечкиот Audi A1 и модернизирање на погонските линии на кои се произведуваат актуелните Audi A3 и Audi A4.

Инвестициите во Некарсулм се однесуваат на воведување нови платформи за тестирање на мотори и модернизирање на погонските линии каде се произведува Audi A6 и подготовка за производство на Audi A8 и долго очекуваниот Audi A7.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook