Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Seat стартува со две нови акции
24.09.2008
seat-logo.jpgSeat одлучи да го одбележи есенскиот продажен период со две нови кампањи скроени за доближување на моделите Altea и Leon до што поширок круг на задовлни купувачи.


Alte
а
seat-altea.jpgВо кампањата за Seat Altea се вклучени едни најдобрите македонски кошаркари Тони Симиќ и Златко Гоцевски. Ангажирањето на овие врвни спортисти се вклупова со тенденцијата на застапникот на Seat за Mакедонија, Ка-Дис за промовирање на спортот и на активен начин на живот.

Altea влегува во новата акција опремена со 6 воздушни перници, ABS + EDS + TCS, двозонски клима уред, радио со CD + MP3, 8 звучници, приклучок Aux-In и копчиња на волан, леснометални бандажи од 16 инчи, темпомат, патен компјутер, сензор за пракирање назад, затемнети задни стакла, централна конзола на кров, електрика на стакла напред/назад, централна брава со далечинско, електрика на ретровизори со греење и паркинг позиција, предни светла за магла.

Altea со сета оваа опрема плус 1.4 литарскиот бензинец со 85 коњски сили под хауба се добива по цена од 15.990 евра.

Leon
seat-leon.jpgЕсенската акција за Leon стартува со слоганот „Некои возат автомобил, некои Seat Leon. Биди посебен” истакнувајќи го посебното чувство да се поседува еден Seat Leon.

Leon опремен со клима уред, ABS, TCS, 6 воздушни перници, радио со CD + MP3, 8 звучници и копчиња на волан, леснометални бандажи од 16 инчи, централна брава со далечинско, електрика на стакла напред, електрика на ретровизори со греење и задвижуван од 1.4 литарскиот бензинец со 85 коњски сили под хауба се добива по цена од 14.990 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook