Get Adobe Flash player
ADAC го преврте Citroen Nemo
27.04.2010

Тест возач на германскиот автомобилски клуб ADAC успеа да го преврти малиот комерцијален превозник Citroen Nemo на тест за избегнување на препрека на патот при брзина од 80 km/h.

citroen-nemo-adac-roll-2010-1

Целта на еден ваков тест е да се провери реакцијата на возилото при нагла промена на оптоварување, односно промена на тежиштето на возилото во свијок, или при избегнување на препрека на пат.

Тестот симулира ситуација во која нешто, како на пример диво животно, однеднаш се појавило на пат и треба да биде заобиколено. Овој тест популарно се нарекува и елен-тест.

Откако возачот ќе забележи препрека на патот нагло врти в лево и потоа в десно кога и доаѓа до промена на оптоварувањето и менување на тежиштето. Да остане автомобилот мирен во вакви ситуации е една од најтешките задачи за конструкторите.

Токму на овој тест Citroen Nemo паднал. Интересно е што на пазарот постојат три вакви возила кои почиваат на иста платформа. Покрај Nemo тука се и Fiat Qubo и Peugeot Bipper. Меѓутоа резултатите на тестот не се исти за сите браќа близнаци.

Имено италијанецот поседува сериски вградена електронска програма за стабилност ESP која завршува голем дел од работата при вакви нагли промени на правецот задржувајќи го возилото на зададената линија. Но, француските браќа непоседуваат ESP.

Затоа Citroen се превртел на тестот, а Fiat не. Тестот не е направен со Peugeot Bipper. Бидејќи и тој и припаѓа на групацијата PSA и исто како и Nemo не поседува ESP тест возачите очекувале дека однесувањето ќе биде исто.

Очигледно одлуката да не нуди сериски ESP во Nemo и Bipper, PSA ќе ја чини скапо. Затоа групацијата молневито реагираше на резултатите од тестот и објави дека ќе започне сериски да ги опремува своите модели со ESP.

Но, ова се однесува само на верзиите со дизал мотор кои од септември годинава на пазарот пристигнуваат со серски ESP. Додека за моделите со бензински мотор под хауба ќе мора да се почека подолго за вградување на сериски ESP.

По објавениот тест ADAC го советува и Fiat да почне со вградување на сериски ESP во сите верзии на Qubo и на Fiorino, не само во поскапите. Воедно ADAC ги советува идните купувачи на некој од трите модели веднаш да нарачаат ESP дури и ако ги чини повеќе како дел од дополнителната опрема.

Според тест тимот на ADAC подобро е купувачот да се откаже од леснометални бандажи како дел од дополнителната опрема, отколку да се откаже од ESP како важен безбедносен систем.

 

 

 

Facebook