Има вистина во насловот. Комбинирањето на безбедносни технологии од последната генерација ќе направи новите модели Mercedes да бидат дел од процесот на размислување.
Преку презентирање на дури дванаесет нови и модификувани системи, Mercedes додава ново поглавје во долга историја окарактеризирана преку безбедноста на патничките возила.
Следејќи го успехот постигнат во еден ваков сегмент, експертите на Mercedes сега повеќе од било кога се фокусирани на избегнувањето на сообраќајните несреќи како и на намалување на сериозноста на несреќите.
Токму поради овие причини развиен е новиот систем за поддршка на возачот во кој се полага најмногу и кој за првпат ќе биде вграден во новиот модел на E Класа што треба да се појави на пазарот во 2009.
Mercedes одлучи во овој модел да вгради единствена комбинација од софистицирани технологии за зголемување на безбедноста кои ќе придонесат тој да добие дополнителни сетила и интелигенција.
На тој начин Е Класа станува дел од процесот на размислување, односно се претвора во автомобили кој може да гледа, чуствува, да препознава опасна систуација и да делува автономно без наредба од возачот.
Напредните системи се направени врз основа на примери од реални ситуации од кои произлегле сообраќајни незгоди. А целта е да се спречат најчестите видови на судири и судири со сериозни последици преку фокусирање врз причините кои довеле до несреќа, како што се оддалеченоста од другите возила, брзината, поспаноста, темнината или менувањето на коловозните ленти.
Прв пат Mercedes покрај радарите со сензори користи и камери. Овие далекусежни камери ја набљудуваат околината пред возилото и се способни да детектираат критични ситуации.
На пример камерите кои се дел од системите за поддршка на возачот му помагаат да го задржи возилото во лента, детектираат знаци за ограничувањето на брзината и ја зголемуваат видливоста ноќе.
Новата E Класа ќе биде првото возило кое ќе носи светла што се адаптираат автоматски на моменталната ситуација. Тие ќе ги детектираат возилата што доаѓаат од спротивната страна и интензитетот на нивните светла и со помош на дадените параметри ќе можат да го адаптираат сопствениот светлосен сноп така да се обезбеди најдобра прегледност без да заслепување на другите возачи.
На овој начин досегот на кратките светла во зависност од потребите може да биде зголемен од 65 на дури 300 метри. Кога возилата ќе се разминат патот останува чист и системот автоматски се префрла на долги светла.
Тестовите докажале дека возењето со овој системот на адаптибилни светла е побезбедно бидејќи возачот тогаш е во можност да ги забележи пешаците, велосипедистите и пречките на патот 150 метри порано отколку со конвенционалните кратки светла.
Освен тоа се намалува стресот кај возачот бидејќи не е потребно постојано да посега по рачката и да ги вклучува и исклучува долгите светла и да ја пренасочи концентрацијата од возењето на манипулација со раката.
Срцето на овој систем го сочинува камера лоцирана во внатрешноста зад предното стакло која што испраќа нови податоци до единицата за електронска контрола на секои 40 милисекунди и го прилагодува досегот на светлата далеку пред возачот да го стори тоа со помрднување на рачката зад воланот.
Покрај овој систем Mercedes во Е Класа ќе го вградува и системот за гледање ноќе кој што го осветлува патот далеку повеќе отколку конвенционалните светилки со помош на инфрацрвени зраци.
Втората генерција на овој систем содржи и специјална функција за детекција на пешаци. Во моментот кога системот ќе детектира пешаци на пат тие се појавуваат на дисплејот пред возачот по што тој знае што го чека во следните неколку стотини метри.
|