Get Adobe Flash player
Citroen C5 освои 5 ѕвезди на Euro NCAP
28.02.2008
citroen-c5-crash-test-1.jpgРезултатите што ги објави европската агенција за проценка на безбедноста кај автомобилите во своето последно испитување му додели 5 ѕвезди на новиот Citroen C5.

При фронтален судар возачот останува целосно заштитен, вклучувајќи ги и колената поради вграденото воздушно перниче. За совозачот исто така нема опасност од повреди и неговите колена остануваат далеку од арматурата.

Страничниот судар во столб на C5 му донесе максимален број на бодови кои ја формираа оценката од 5 ѕвезди за заштита на возрасни патници. Сепак, оценката за заштида на деца е малку поникса. Тука С5 освои 4 ѕвезди. Овој резултат е подобар отколку кај претходникот кај за заштита за деца имаше освоено само 3 ѕвезди.

Проверката за заштита на пешаци му донесе на С5 две ѕвезди. Во извештајот се наведува дека хаубата нуди лоша заштита за главата на пешакот, додека браникот доби максимален број на бодови.

Во забелешката Euro NCAP наведе: „Со иновативната технологија за заштита на пешаци која ја поседува С6, разочарувачки е да се види дека С5 добива само две ѕвезди.”

 

 

 

Facebook