Безбедноста е приоритет, без оглед дали станува збор за секојдневен
сообраќај или мотоспорт и патнички автомобил или болид. FIA го знае тоа
и ги користи сите ресурси за унапредување.
Вообичаено во овој случај патот на технологијата би се
движел од експериментирање и усовршување во Формула 1, па дури пото
имплементирање во сериските автомобили.
Но, кога е во прашање безбедноста работите стојат
поинаку. Пред се поради напредната технологија на Toyota наречена THUMS Total
Human Safety или тотална безбедност за човекот, која претставува систем
за компјутерска симулација, а е развиена со цел создавање на што побезбедни
патнички автомобили.
Значи во ситуацијата патот на технологијата е обратен, а Toyota ја користи
за развој на што побезбедни возила веќе години на назад. Станува збор за
виртуелен опис на човечкото тело кој им овозможува на развојните инженери да
добијат прецизни податоци за повредите што може да ги задобие вистински човек
во случај на директен судар или во случај на различни видови на несреќи.
Институтот на FIA за безбедност ја
препознава технологијата на Toyota како најнапредна во моментов и верува дека може да ја
искористи за унапредување на безбедноста пред се кај болидите без оглед дали
станува збор за оние од Формула 1 или Формула 3 или серијата Indy и слични
на нив.
Според експертите на FIA податоците
што можат да се добијат од системот на Toyota,
THUMS ќе им помогнат на инженерите да конструираат подобро структуиран кокпит и
седиште за пилотот каде примарните смерници нема да бидат само кон зајакнување
на ѕидовите на структурата, туку и изнаоѓање на начин истата структура да го
прими и ублажи ударот и со тоа да го заштити возачот.
Сето ова на крај ќе ги подигне безбедносните стандарди
кај болидите на уште повисоко ниво.
|