|
03.09.2007 |
Исконскиот супермини на Fiat, шизикот
500 освои многу бодови и доби извонредни препораки на последните краш тестови
спроведени од EuroNCAP.
Европската програма за проценка на безбедноста кај новите
автомобили е полна со убави зборови за малечкото од Fiat кое што
туку го здогледа светлото на денот.
Италијанската икона меѓу автомобилите освои максимални
пет ѕвезди за заштита на возрасните патници. Fiat 500 освои еднa ѕвезда повеќе од малечкото на Renault Twingo кое беше тестирано во исто време.
Fiat 500 освои максимални 35 бода што го позиционира повисокоу
дури и од автомобилите кои се наоѓаат класа погоре. Петстотката воедно успеа да
собере три ѕвездички за заштита на децата што е извонреден резултат за еден мал
автомобил. Единствено за заштитата на пешак при судир доби само две ѕвезди.
|