|
01.12.2007 |
Kia Carnival трета година по ред ги доби највисоките
оценки за безбедност од страна на американскиот институт за безбедност на
патиштата и е прогласена за најбезбедeн MPV.
Од 34 моноволуменци колку што беа тестирани од страна на
американскиот институт за безбедност на патиштата, Kia Carnival се покажа како
најбезбеден автомобил. Carnival доби највисоки оценки за фронтален удар,
страничен удар и удар одзади. Највисока оцена доби и за системот за електронска
стабилност.
“Ние сме пријатно
изненадени што Carnival беше единствениот миниван кој ја доби оваа награда” изјави Лен Хант,
претседател на Kia Motors America. Освојувањето на
оваа награда веќе трета година по ред е уште еден доказ за нашата посветеност
во производството на автомобили со одличен квалитет и опрема која ги задоволува
највисоките безбедносни стандарди.
И оваа генерација на Carnival се произведува
според претходно поставените стандарди за безбедност. Исто така и првата
генерација на Carnival освои 5 ѕвезди при краш-тестот уште во 2002 година.
Оттогаш Kia има освоено една завидна листа на награди вклучувајќи ги и 5 ѕвезди
за Magentis, Carnival, Sorento и Opirus.
Новиот Carnival продолжува да нуди високо ниво на безбедносни стандарди
со 6 воздушни перничиња како стандардна опрема, активни потпирачи за глава на
предните седишта, систем за електронска стабилност ESC, ABS со EBD, систем за контрола на тракцијата TCS и систем за контрола на притисокот во пневматиците TPMS.
|