|
Максималната оценкa за заштита на патниците Mitsubishi Lancer ја освои во САД по низата краш тестови направени од тамошниот Институт за осигурување и безбедност во сообраќајот IIHS.

Insurance Institute for Highway Safety, како што гласи полниот оригинален назив на IIHS, највисоката оценка за заштита на патниците ја нарекува Top Safety Pick и во официјално соопштение стои дека Lancer е првиот модел на јапонскиот производител што е награден со оваа оценка.
Краш тестот на IIHS се разликува од краш тестот што го прави Euro NCAP бидејќи американците во својот тест вклучиле и проценка на безбедноста при превртување на возилото на кров.
Американците имитираат превртување на кров така што метална плоча со константна сила и брзина притиска во аголот меѓу кровот и централниот столб на возилото.
За да се добие најдобар резултат силата со која притиска металната плоче треба да е 4 пати поголема од тежината на автомобилот и притоа кровот несмее да се деформира за повеќе од 127 mm или 5 инчи.
Mitsubishi Lancer според одговорните од IIHS без проблему успеал да го издржи наведениот удар и заради тоа ја добил највисоката оценка за безбедност, секако покрај останатите направени краш тестови.
За да се достигне оценката Top Safety Pick автомобилот треба да освои максимални оценки при челен удар, при удар одзади и при страничен удар во столб. Плус сериски мора да поседува ESP електронска програма за стабилност.
Според методиката на работа на IIHS челниот судар се прави при брзина од 65 km/h, a страничниот удар имитра судар со SUV или со голем пикап при брзина од 50 km/h. Тестот со судар одзади се симулира така што автомобилот нагло сопира и во него удира специјален панел со брзина од 32 km/h.
|