Get Adobe Flash player
Nissan Navara падна на Euro NCAP
28.02.2008
nissan-navara-crash-1.jpgБезбедноста е најважниот елемент кај современите автомобили заедно со емисијата на издувни гасови. Затоа производителите полагаат многу во развој на автомобили кои ги штитат патниците.

Но, понекогаш се случуваат и ситни пропусти кои најчесто брзо се решаваат но предизвикуват голем публицитет. Последен таков проблем прикажа пикапот на Nissan, Navara кој помина неочекувано лошо на тестот на Euro NCAP.

Експертите по извршениот тесто констатираа грешка во системот што ги активира воздушните перници во Navara. Односно при судар воздушните перници се отвориле доцна што условило големи повреди кај возачот и совозачот при фронтален судар.

Станува збор за проблем со кој се соочени само моделите произведени помеѓу мај и декември 2007. Возилата произведени пред и после овој период немаат таква грешка.

Nissan веднаш издаде соопшетние до сопствениците на овие возила да заминат во овластените сервиси за бесплатно да им биде заменета електронската единица која го контролира отворањето на перниците.

Navara освои само една ѕвезда за заштита на возрасни патници, 3 ѕвезди за заштита на деца, 2 ѕвезди за заштита на пешаци. Едната ѕвезда е добиена поради повреди на главата на возачот и повреди на вратот на совозачот.

Nissan реагираше веднаш и ново возило со сменета електронска контролна единица веќе е испратено на повторно тестирање. Резултатите од повторното тестирање на Navara ќе бидат објавени наскоро.

Во меѓувреме доколку поседувата Navara произведена во горе наведениот период трк во сервис.

 

 

 

Facebook