|
28.11.2007 |
Теренците традиционално имаат полоши оцени на тестовите
за безбедност. Но, новата генерација на компактни SUV како VW Tiguan и Land
Rover Freelander успеа да освои 5 ѕвезди.
Во последната рунда на тестирања направена од страна
на Euro NCAP, Nissan X-Trail освои 4 ѕвезди за заштита на возрасни патници и деца. X-Trail загуби
неколку поени поради повреди на нозете и вратот на возачот при фронтален судар.
Што се однесува до пешаците компактниот SUV на Nissan
освои 2 ѕвезди заради дизајнот на хаубата кој не нуди добра заштита за нозе
и глава.
|