Euro NCAP ги објави резултатите за уште шест нови автомобили кои
беа испитувани од независната организација за проценка на безбедноста на
возилата.
Станува збор за Daihatsu Materia, Mazda 2, Honda
Civic, Mercedes Класа С, Renault Laguna и Volvo
V70. Mazda 2 и Volvo V70 претходно беа тестирани, но имале проблеми со
задоцнето отворање на воздушните перници при фронатален судар и при страничен
судар во столб. Производителите беа информирани и по направените проверки им
беше дозволено повторно тестирање.
При вториот тест Mazda 2 освои максимални 5
ѕвезди бидејќи грешката беше одстранете, но кај Volvo проблемот
не беше отстранет, а автомобилот сепак успеа да сови 5 ѕвезди. Добро е што
експертите во Volvo продолжуваат да работат на отстранување на проблемот.
По пет ѕвезди добија и Mercedes Класа С и Renault
Laguna. Французинот за малку ќе беше првиот автомобил што освоил најголем број на
бодови предвидени со оценката на Euro NCAP за беабедност на возрасни
патници, но изгуби само еден бод заради отворање на задната врата при
стрничниот судар во столб.
Сепак, Renault Laguna успеа да освои
повеќе бодови од Mercedes Класа С при заштитата за деца. Но, тоа е поради
безбедносните системи кои доаѓаат сериски во Laguna, додека во
Mercedes се доплаќаат.
Honda Civic и Daihatsu Materia
освоија 4 ѕвезди за заштита на возрасни. Но, Civic
заедно со Laguna, Mazda 2 и Volvo V70 освои 4 ѕвезди за заштита на деца и е
единствената која успеа да освои 3 ѕвезди за заштита на пешаци.
Euro NCAP е разочаран бидејќи само еден еден од
испитуваните автомобили освои 3 ѕвезди за заштита на пешаци, а сеуште ниту еден
не успеал да осви повеќе од 3 ѕвезди.
Сепак, експертите во Euro NCAP се
задоволни бидејќи се поголем е бројот на автомобили што освојуваат 5 ѕвезди за
заштите на возрасни.
 
|