Get Adobe Flash player
Петка за Серија 5 на EuroNCAP
10.06.2010

Новата BMW Серија 5 и новиот компакт на Alfa Romeo, Giulietta минаа одлично на краш тестот на независниот европски институт за проценка на безбедноста кај автомобилите Euro NCAP.

bmw-serija-5-2010-1

И BMW Серија 5 и Alfa Romeo Giulietta ги освоија максималните 5 ѕвезди. Одделно Alfa Giulietta освои 35 бода за заштита на возрасни патници, додека BMW Серија 5 освои 34 бода на овој тест.

На тестот за заштита на деца Giulietta освои 42 бода, а Серија 5 41 бод. Во делот за заштита на пешаци при судар со возило значително подобра е Серија 5 заради системот активна хауба која се издига при неизбежен судар со пешак и го намалува растојанието меѓу автомобилот и пешакот.

Поради тоа и силината на ударот со која пешакот удира во предниот дел на автомобилот воедно и енергијата на ударот е многу помала. Во овој дел Серија 5 освои 28 бода, додека Alfa Giulietta постигна 23 бода.

BMW Серија 5 исто така предничи во делот за користење на безбедносни системи кои му асистираат на возачот во опасни ситуации и му помагаат да ја задржи контролата над автомобилот.

На оваа проценка Серија 5 ги освои максималниот број на бодови 7 или оствари 100% успех, а Alfa Giulietta освои 6 бода или успех од 86%.

Заедно со BMW Серија 5 и со Alfa Romeo Giulietta техничарите од Euro NCAP ja тестираа и Mazda CX-7 која освои 4 ѕвезди за безбедност и најголеми критики добива за последиците од евентуален фронтален удар.

Mazda CX-7 за заштита на возрасни патници при фронтален удар освојува 27 бода, за заштита на деца 39 бода, за заштита на пешаци 16 бода и за примена на безбедносни системи 5 бода.

 

 

 

Facebook