|
03.09.2007 |
Хитот на KIA, Cee’d е единствениот автомобил на светот со
7 години гаранција и 5 ѕвездички на EuroNCAP.
Овие резултати го позиционираат Cee’d меѓу најбезбедните возила во
класата.
KIA Cee’d освои пет ѕвездички за заштита на возрасни патници
вклучувајќи го и возачот. Четири ѕвездички за заштита на децата и две ѕвезди за
заштита на пешаци. Односно 34 бода од максималните 37 колку што доделуваат
експертите во EuroNCAP.
Сјајните ѕвезди што ги освои Cee’d докажуваат
дека европскиот автомобил од Кореа навистина е едно безбедно возило кое се
грижи за семејството.
Cee’d е дизајниран, конструкиран и произведен во Европа со цел
корејскиот производител да одговори на високите барања и потреби на европските
купувачи.
|