Get Adobe Flash player
Smart заработи 4 ѕвездички на Euro NCAP
25.10.2007
smrt-crash-testИ покрај минијатурната големина суперминито Smart Fortwo освои четири ѕвездички за безбедност на последниот тест на Euro NCAP кога е во прашање заштитата на возрасни лица.

Oвој резултат го става малечкиот Smart Fortwo рамо до рамо со големите лимузини и SUV. Но, кога е во прашање заштитата на пешаци малечкото освои само две мали ѕвездички.

Тестот вклучува судар од напред, од страна и судар со пешак. Бидејќи Smart Fortwo нема задни седишта не е направен тест и не е вршена порценка за заштита на деца при судар.

Во тестот со судар од напред патничката кабина останува стабилна. Деловите од арматурата претставуваат ризик за повреда на колената и надколената и на возачот и на совозачот.

При страничен удар главата на куклата удира во гумената заштите на прозорецот, а податоците добиени од неа укажуваат дека не постои доволна заштита за глава.

Странично воздушно перниче што ги штити главата и градите е достапно ако опција, но тестираниот автомобил не бил опремен со него.

Предниот браник нуди максимална можна заштита за нозете на пешаците при судар, но автомобилот губи многу поени бидејќи предниот крај од хаубата не нуди апсолутно никаква заштита за главата на пешакот.

 

 

 

Facebook