Get Adobe Flash player

Tiguan се придружува на ергелата со 5 ѕвезди
09.10.2007
tiguan-front-impactНајновото чедо на VW е наградено со 5 ѕвезди за безбедност. Теренецот кој стартува со продажба на почеток од 2008 доби 4 ѕвезди за заштита на деца и 2 ѕвезди за заштита на пешаци.

Инженерите на EuroNCAP заклучија дека Tiguan има лесно, но цврсто тело и деформациски панели кои буквално ја впиваат енергијата при судар. Цела низа од современи системи за безбедност кои доаѓаат сериски исто така допринесуваат за добриот резултат.

Ford Mondeo кој исто така беше тестиран во оваа група освои исти број на ѕвезди, како Tiguan, но повеќе бодови од него.

Тестот не мина толу добро за Hyundai i30, кој за малку не успеа да освои пет ѕвезди. Ова е чудно бидејќи Kia Cee’d на чија платформа е поставен и i30 освои максимален број на ѕвезди.

Додека кабината остана стабилна во симулираниот судар, i30 изгуби на бодови поради арматурата која претставува ризик за колената на патниците.

Што се однесува до заштитата за деца и за пешаци Hyundai освои респективни 3 односно 2 ѕвезди.

Уште еден нов модел кој беше тестиран од EuroNCAP е VW Caddy. Во сите три теста освои идентичен број на ѕвезди и на бодови со Hyundai i30.

mondeo-front-impacti30-front-impactvw-caddy-front-impact

 
Get Adobe Flash player