Get Adobe Flash player

VW Golf VI добива 5 ѕвезди на EuroNCAP
24.10.2008
vw-golf-6-euroncap-1.jpgНовата, шеста по ред генерација на Golf оствари одлични резултати на краш тестот направен од страна на независната европска институција за проценка на безбедноста EuroNCAP.

Според кусото известување што го даде EuroNCAP по краш тестот, Golf VI покажал одлични резултати освојувајќи 5 ѕвезди за заштита на возрасни патници, поточно возачот и совозачот.

Понатаму Golf VI освоил четири ѕвезди од можни пет за заштита на деца и три ѕвезди од можни четири за заштита на пешаци.

Резултатите остварени на краш тестот на новиот Golf се сами по себе одлични, но EuroNCAP сеуште не направил проценка за новите модели од компактната класа кои стартуват со продажба наскоро.

Споредбата меѓу конкурентите во компактната класа ќе дојде подоцна кога ќе се споредат и освоените бодови, не само бројот на освоени ѕвезди.

Ова е првичниот извештај на EuroNCAP за Golf VI, подеталниот опис за резултатите од краш тестот ќе следи.

 
Get Adobe Flash player