Групацијата Ми-Да е една од ретките фирми во Македонија
кои почнаа со работа пред 20 години и успешно се справуваат со сите проблеми
што ги носи бизнисот во една држава во транзиција.
Ми-Да е првата и најстарата компанија во Македонија чија
што основна дејност е продажба и одржување на автомобили, продажба на резервни
делови, аудио опрема и асесоари.
Во рамки на групацијата, опстојуваат 4 посебни фирми кои
се специјализирани за посебни дејности и гранки од автомобилската индустрија:
Ми-Да Моторс е овластен импортер на Ford во Македонија.
Оваа компанија е основана во 1997 и од пред две години своите верни купувачи ги
опслужува во современ објект во чив склоп се наоѓаат продажниот салон, сервис и
управна зграда.
Во текот на работењето, фирмата бележи постојан раст во
продажбата на програмата на Ford зголемувајќи го учество на пазарот на нови автомобили во
Македонија. Во 1997 година учествуваше само со 4%, а во првите 6 месеци
годинава завзеде 8% од пазарот.
Во 2006 година е отворен нов изложбен салон и сервис, а
во 2007 понудата е заокружена со сервис за лимарски и фарбарски услуги.
На 31 октомври 2007 Ми-Да Моторс се стекна со Сертификат
за Квалитет на Систем на Менаџмент MKS EN ISO 9001:2000 издаден од Лојд Регистар
од Англија.
Ми-Да Ауто е овластен дилер за Volvo и импортер за Lada. Основана
во 1994 кога почнува да работи со возила од програмата Lada, а од почетокот на годината
е овластен дилер за Volvo. Компанијата ги има обезбедено сите потребни
стандарди за квалитет во делот на продажба и постпродажба.
Ми-Да рент-а-кар-турс е компанија за рент-а-кар и работи
исклучиво со возила од програмата на Ford и Volvo. Во својот возен парк има
вкупно 26 возила. Покрај основната дејност изнајмување возила, компанијата се
бави и со продажба на авиобилети, организирање туристички патувања, конгреси,
семинари и слично.
Дани Мида е центар за дневна нега на автомобили,
козметика, асесоари, е најстарата фирма во Групацијата Ми-Да и постои од самото
основање во 1988. Покрај дневното одржување на автомобилите, во рамки на
фирмата се наоѓаат и придружни услуги поврзани со одржување на автомобилите.
Компаниите се лоцирани на бул. Октомвриска Револуција бб,
Скопје
Но, тука не завршува приказната за Ми-Да плановите за
иднина се уште поамбициозни. Неодамна започна изградбата на втората фаза на
објектот кој ќе содржи нов изложбен салон за Volvo, ресторан, управна зграда и
други содржини кои ќе им овозможат на клиентите пријатни мигови поминати во
комлексот.
Дополнително на посебна локација во Визбегово во завршна
фаза е изградбата на нов центар за лимарски и фарбарски услуги кој се протега
на површина од 6.500 m2. На истиот простор се наоѓа и склад за возила под
царински надзор.
|