Get Adobe Flash player
Audi и VW со повеќе новитети на домашниот пазар
18.12.2008
audi-a6-mkd-1.jpgНовиот Audi Q5, обновениот А6, долго очекуваниот Volkswagen Passat CC и наследникот на легендарниот Scirocco, конечно пристигнаа и од сега им се достапни на македонските купувачи.

Застапникот за Audi и Volkswagen за Македонија фирмата Porsche Мakedonija официјално ги претстави новите модели од кои се очекува многу во следната 2009.

За Audi Q5, Passat CC и Scirocco веќе пишувавме, но да видиме што нуди фејслифот на А6. Измените напред ги опфаќаат новата маска, редизајнираниот браник со поголеми отвори за воздух и нови светла за магла.

Кога сме кај светлата новина се светлечките диоди за возење дење, системот за осветлување во свијоци и асистентот за долго светло кој автоматски префлра во зависност од интензитетот на светлина што доаѓа од спротивниот правец.

Димензиите остануваат безмалку исти. Обновениот А6 е долг 4,93 m, широк е 1,86 m и висок е 1,46 m. Одзади се забележува дискретниот спојлер на капакот од багажникот и новиот браник со интегриран дифузор.

Најголемата новина се моторите кои профитираат од најновиот систем за управување со вентилите што резултира со, во просек 15% помалку потрошено гориво.

Понатаму алтернаторот кој ја регенерира електричната енергија кога автомобилот крстари со констатна брзина и пониската суспензија за подобрување на аеродинамиката.

Најмал мотор е 2.0 литарскиот турбо бензинец TFSI со 170 коњски сили, а најголем е 4.2 литарскиот атмосферски FSI V8 кој остварува 350 коњски сили.

Останатите бензинци се 2.9 литарскиот FSI V6 со 190 КС или 220 КС и сосема новиот 3.0 литарски турбо бензинец TFSI V6 кој работи и во кабриолетот S5, но за А6 е малку смирен и остварува 290 КС.

Со 3.0 TFSI V6, A6 спринтува до 100 km/h за 5,9 секунди и достигнува максимални електронски ограничени 250km/h. Погонот е Quattro преку шест степен Тiptronic менувач, а просечната потрошувачка изнесува 9,5 L/100 km.  

Дизелската понуда стартува со 2.0 литарскиот TDI со 140 КС и 170 КС. Потоа следат 2.7 литарскиот V6 TDI со 190 КС и 380 Nm вртежен момент, а врвот е загарантиран за 3.0 литарскиот V6 TDI со 240 КС и максимални 450 Nm вртежен момент.

Најштедлив е 2.0 литарскиот TDI кој во просек троши 5,3 L/100 km.

Покрај претставувањето на четворката новитети домаќините приредија и едно изнeнадување кое пристигна во форма на ексклузивниот супер спортист Lamborghini Gallardo LP560-4. Прв во Македонија.

Цената на LP560-4 не се открива и останува да биде деловна тајна меѓу клиентот и продавачот. Секако, за сите оние што сакаат да го нарачаат својот примерок на LP560-4 можат да го сторат тоа преку Porsche Makedоnija.


 

 

 

Facebook