Вчера вечер во Скопје
во населбата Кисела Вода официјално е отворен новиот автосалон на импортерот за
Renault, Dacia и Nissan сега
обединати под името на Automotive Group.
На присустните
соработници, гости од земјава и странство, новинари, бизнисмени, политичари,
естрадни лица и љубители на автомобилизмот официјално им беше претставен новиот
импортер за групацијата Renault.
Милош Мароти
одговорeн на групата Renault за нашиот пазар имаше чест да го отвори новиот салон и
воедно го инаугурира Automotive
Group како нов импортер.
Групата Automotive постави цел во следните 3 години да ги издигне марките Renault, Dacia и Nissan на место каде што заслужуваат, односно да го позиционира Renault меѓу првите три
најпродавани марки во Македонија и да го зголеми учеството на Dacia и на Nissan на пазарот за 2 проценти.
Изгледа многу,
но ова е реалната застапеност на марките од групата Renault на европскиот пазар.
Тендецијата на
групата Automotive покрај зголемувањето на продажбата на трите марки е и да
ја врати довербата на домашните купувачи. Во последниве 5 години, групата Renaul е лидер или
барем меѓу најдобрите три производители на автомобили и целта е да се достигне
ова ниво и кај нас.
Комерцијалниот
директор на групата Renault за Македонија, Деjан Јадровски истакна дека за да дојдат
до посакуваното ниво и до исполнување на зададените цели, покрај квалитетот на возилатa,
задолжително мора напорно да се работи и на подигање на пост продажните услуги и
довербата на купувачите.
Плановите за
иднината се нов автоцентар каде под една капа ќе бидат сместени продажни салони за трите
марки, современ сервисен центар и плац за користени возила. Следат поволни услови на финансирање и други активности неопходни за комплетна
автомобилска понуда.
Во бизнис
планот на групата е и развој на својата дилерска мрежа низ државата за полесен
пристап до крајните корисници кои посебно ќе се радуваат на новите модели
очекувани во следните 2 години.
|