Годинава меѓународно рели со теренски возила Берово 2008 кое
традиционално се одржува низ планините во Источна Македонија слави значаен јубилеј 3 децении постоење.
30 години релито со теренски возила привлекува љубители
на природата и љубители на возење по терен кои крстосуваат по беспаќата со кои
изобилува нашата држава.
Релито е во организација на Авто Мото Клуб Jeep
Rally Sport од Скопје и Авто Мото Сојуз на Македонија, а како
генерален спонзор се јавува компанијата Porsche Македонија
чиви цели не се само поддршка на овој за нас исклучителен меѓународен настан
туку и промовирање на природните убавини
со кои располага нашата држава.
Годинава покрај јубилејот 30 години рели со теренски
возила во Македонија, движечката сила на овој настан нашиот најуспешен рели
возач и спортски работник од областа на автомобилизмот, претседател на клубот Jeep
Rally Sport и претседател на релито, Димитрие Пеливанов слави 40
години инволвираност во автомобилскиот спорт.
Последниве години релито во Берово го смени својот
карактер и од класично рели се префрли на покомпакна форма на рели наречена
Рели Крос која бележи забрзан развој секаде во светот.
Тоа се должи на атрактивноста на патеките кои изобилуваат
со минување низ водени препреки, кал, скокови и што е најважно се доволно
компактни за да можат да се следат од едно место од каде гледачите имаат
прегледност на целата патека.
Рели Крос со теренски возила Берово 2008 се одржува на
патеката Шушлевец која се наоѓа на само 3 km од Берово
на патниот правец што води од Берово кон Струмица.
Целата манифестација се одржува во еден ден, сабота 4
октомври. Тренингот започнува во 10 часот наутро по што во 12 часот напладне
следи отворање на релито и старт на првиот натпреварувач.
Годинава на релито се пријавени преку 40 натпреварувачи од земјава
и од странство. Се очекува да пристигнат гости од Србија, Црна Гора, Албанија,
Бугарија, Грција, Турција и од Австрија, а минатогодишниот победник Рентјан
Сина од Албанија е главен претендент за освојување на титулата.
Со цел релито да се доближи до пошироката публика
организаторот годинава обезбедува бесплатен автобуски превоз за следење на
настанот.
Автобуси ќе тргнуваат од Скопје пред седиштето на АМСМ во
Скопје во 7 часот наутро, од Кочани пред АМД Лопен во 9 часот наутро, Штип пред
АМД Штип во 8 часот наутро и од Струмица пред АМД Стрела – Струмица во 9 часот
наутро.
|