Новото лесно комерцијално возило на Citroen,
симаптичниот Nemo, ги прави првите чекори на македонскиот пазар и се
очекува да биде ударен модел во градското транспортно семејство.
Соочени со густиот градски сообраќај и со смалување на
просторот за маневрирање на транспортот, Nemo, заедно со
браќата близнаци од Fiat и Peugeot, Fiorino и Bipper
е создаден како идеално комерцијално возило кое умее да се протнува и со
леснотија да се снаоѓа во пренатрупаните градски улици.
Малите надворешни димензии (должина 3,86 m) големиот
простор внатре (корисен товарен простор од 2,5 m3 и носивост
од 610 kg) му обезбедуваат на Nemo одлични
карактеристики кои поврзани со современиот стил ќе одговорат на барањата на
купувачите на мали градски транспортери.
Тука се вклопуваат и моторите, бензинецот и дизелот, кои
со зафатнина од 1.4 литри успеваат да им побегнат на високите акцизни давачки
воведени кај нас што е дополнителен стимул при одбирот на едно работно возило.
Моторите кои работат под хаубата на Nemo се проверени и познати и од порано. Bензинецот остварува максимални
75 КС, додека дизелот HDI нуди 70 коњи и згора на тоа се вбројува во еден од
најеоколошките мотори во понудата на марката бидејќи остварува емисија на СО2
од само 119 g/km.
Во верзијата Furgon, Nemo на нашиот
пазар стартува со цена од 9.580 евра за 1.4 литарскиот бензинец опремен со: воздушна
перница, ABS, серво волан, тонирани стакла и кодиран клуч.
Подеднакво опремен дизелот 1.4 HDI се добива
за 11.320 европски банкноти. Секако цените се со платен данок на додадена
вредност од 18%, информација важна за сите фирми кои имаат потреба од
ваков тип на возила.
|