Импортерот на Citroen за Македонија, Автонова отвори
современ регионален центар во Битола кој дополнително овозможува доближување на
марката до купувачите низ цела држава.
Центарот се простира на површина од 2.000 m2 и е лесно
достапен за целиот југозападен регион на Република Македонија: Битола, Прилеп,
Ресен, Охрид, Демир Хисар. Лоциран e на патот кон граничниот премин со Грција, со цел
подигање на услугите на корисниците од регионот, но и пошироко.
Салонот претставува изложебен простор за сите модели на Ситроен, додека во
склоп на центарот работи и современ механичарски и лимаро-фарбарски сервис.
Механичарскиот сервис во кого работат обучени и искусни сервисери заедно со соодветната
техничка поддршка и опрема нудат дијагностика и соодветно одржување на возилата по највисок стандард.
Во одделот за лимаро-фарбарски услуги се вршат
висококвалитетни поправки на сите видови патнички и комерцијални возила.
Комората овозможува квалитетно бојадисување и сушење. Благодарение
на врвната технологија, целиот процес е поедноставен, поквалитетен и побрз.
Целта на Автонова со овој центар е да понуди комплетна
услуга на своите клиенти заради задоволување на нивните потреби, како во
секторот на продажба, така и во постпродажбата.
Регионалниот центар на Ситроен е капитална инвестиција со
која се воведуваат европски стандарди во работењето и изглед според светски
прилики како и пристап кон купувачите.
|