|
23.12.2008 |
Импортерот на Mercedes, Mitsubishi, Chrysler и Jeep за
Македонија, фирмата МакАутоСтар,
денес со донирање на техничка опрема излезе во пресрет на потребите на училиштата.
Со цел техничко унапредување на образовниот процес во
училиштата, МакАутоСтар донираше DVD Домашно кино за единаесет основни училишта и две детски градинки во општината Гази
Баба.
„Годинава одлучивме средствата наменети за подароци на
нашите клиенти и соработници да ги пренамениме и да ги донираме на оние на кои
им се најпотребни, а тоа се децата.”
„Одлуката да им се помогне на училиштата во општина Гази
Баба е повеќе од јасна со оглед на фактот дека нашата фирма се наоѓа и работи во
оваа општина.”
„Постои правило во кое бизнис секторот е тој којшто
секогаш треба да помага да се унапреди стандардот во општините што во случајов
подразбира унапредување на образовниот процес. Преку кого на децата ќе им се
овозможи да ја следат наставата со најсовремени технички средства,” истакна во
своето кусо излагање директорот на МакАутоСтар, Зоран Марковски.
Поклоните за училиштата ги предадоа градоначалникот на
општина Гази Баба, Коце Трајанов и Зоран Марковски, а во знак на благодарност
децата од училиштата и детските градинки изведоа балетска и музичка точка.
|