Get Adobe Flash player
Ѕвездено искуство со Mercedes
08.06.2009
mercedes-road-experience-1.jpgКараванот на Mercedes кој вози низ регионот стартувајќи од Романија, а ќе помине и низ Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, не не заобиколи ниту нас претставувајќи се со интересно патно шоу.

Викендов новинарите, клиентите и пријателите на Mercedes имаа можност да уживаат во возењето на моделите од последната генерација на сребрената ѕвезда меѓу кои и Е Coupe кој токму на овој настан ја доживеа својата македонска премиера, а за кого веќе пишувавме.

За возење на располагање беа моделите E 500 Coupe со 388 КС, E 350 Coupe CGI BlueEFFICIENCY со 292 КС, E 350 CDI BlueEFFICIENCY со 231 КС, Е 220 CDI BlueEFFICIENCY со 170 КС, SL 350 со 316 КС, CLS 280 со 231 КС и C63 AMG со 457 КС.

Иако посетителите најмногу уживаа зад воланот на моделите на Mercedes, сепак, според нас, акцентот беше ставен, а и најголемо внимание привлече практичното претставување на безбедносните системи Pre-Safe и ESP и новиот систем за паркирање дел од системот Distronic Plus.

На импровизиран полигон под надзор на германски инструктори секој можеше да се увери во ефикасноста на електронската контрола на пролизгување. Чие дејствување може да се забележи на галеријата фотографии каде автомобилот со исклучен ESP лета на сите страни и возачот буквално борејќи се со него успева да го задржи на саканиот правец.

Додека при вклучен ESP јасно е дека електрониката преку сопирачките ја завршува целата работа без поголем стрес по патниците во автомоилот и секако возачот.

Но, ова е веќе познато. Новина е унапредениот Pre-Safe систем. Неговата задача сега не е само да го исправи седиштето на возачот и совозачот и да ги предзатегне сите ремени подготвувајќи се за евентуален судар, превертување, или пак, безболно извртување на пат.

Системот сега кога ќе препознае услови за евентуална несреќа ги затвора сите прозорци, доколку се отворени, вклучувајќи го и отворот на кровот за да ги заштити патниците од евентуално продирање на непожелни предмети од надвор. Но, тоа е само дел од работата на Pre-Safe во врска со прозорците.

При затворање на прозорците Рre-Safe не ги затовра до крај, остава два прста простор за во случај на активирање на воздушните перници. Вишокот на притисок кој се ослободува од експлозивното полнење кое ги активира воздушните перници лесно излегува надвор спасувајќи го слухот, поточно ушното тапанче кое во најголем број на случаи страда во дадената ситуација.

Pre-Safe кога ќе препознае дека постои опасност од судар и потреба од активирање на воздушните перници ги отвора два прста прозорците дури и кога тие се затворени.

Системот за паркирање пак, кој е дел од Distronic Plus, одлично си ја врши работата во градски метеж кога е потребно набрзина да паркирате без да го попречувате сообраќајот, но исто така може да ве спаси од несакани мали незгоди кои можат да го оштетат автомобилот.

Системот работи на принцип на ултра звук и не е целосно автоматизиран. Ова му дава одредени предности пред се брзина при протнување на одредената позиција која системот сам ја препознава.

Кога на пример сакате да се паркирате паралелно го вклучувате трепакачот на страната на која барате празен простор. Леви или десно. Тогаш системот се активира и бара соодветен простор кој ќе го собере вашиот автомобил и известува кога ќе го најде.

Инженерите на Mercedes го калибрирале системот така што доволно просторот за паркирање да е поголем од автомобилот само 1.3 метри.

Откако ќе го препознае местото системот го информира возачот преку сигнал на таблата со инструменти. Потоа преку стрелка ја дава насока во која треба да се движите. Стрелката на почетокот од движењето е празна и полека се исполнува. Кога стрелката целосно ќе се исполни значи дека е дојдена позицијата од која автомобилот треба да го смени правецот.

Возачот притиска на сопрачката, а апликацијата на волан со нова стрелка над него кажува во кој правец треба да се сврти. Аголот на свртувањето возачот не го одредува на памет. За тоа го информира повторно полнењето на стрелката.

Кога таа ќе се исполни време е да се престане со свртување на тркалата. Повторно следи апликација за правецот на движење, напред или назад. Па повторно смерот и аголот на свртување на тркалата се додека автомобилот не се испаркира како што треба.

Убавината на системот е доколку возачот згреши да го исправи и да го испаркира автомобилот на едвај сантиметар до два од работ на тротоарот. На овој начин се чуваат скапоцените леснометлни бандажи од гребаници.

Во секој случај технологијата која Mercedes ја претстави во новата Е Класа, со неа го опреми и E Coupe, а ќе следат и другите модели поставува репери кои останатите производители треба да ги следат.

Реакција со исклучен ESP

Реакција со вклучен ESP

Паркирање со помош на Distronic Plus

 

 

 

 

Facebook