Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Eвропската гордост на Тoyota
06.02.2009
toyota-avensis-mkd-1.jpgСекако тоа е третата генерација на Avensis која е создадена во студиото на Toyota за напреден дизајн на југот од Франција, а од сега ќе може да се види и на нашите улици.

Еден од најважните модели на Toyota доживеа комплетна преродба и сега настапува со атлетски моќен и аеродинамичен дизајн со низок коефициент на отпор на воздух од Cd 0.28, подобра безбедност, повисока опременост, подобра динамика, поцврсто подвозје, подобри сопирачки...

Avensis е поголем од својот претходник, нуди плус 50 mm во должина и во ширина, а нуди и поширока трага 30 mm напред и 45 mm назад. Ова значи поголема внатрешност, подобар комфор и подобри возни својства.

Благодарение на користењето на нови полесни материјали за изолација во повеќе слоеви намалена е бучавата во внатрешноста во однос на претходникот за 5 dB. Значи подобрување во секој поглед. Avensis подетално го претставивме по неговата светска премиера на салонот во Париз минатата есен.

Она што сега е важно по домашната премиера се моделската понуда, опремата и секако цените.

Toyota Avensis доаѓа во две каросериски изведби седан и комби, и три бензински и три дизел мотори. Понудата кај бензинците стартува од 1.6 литарецот со 132 КС, 1.8 со 147 КС и 2.0 со 152 КС. Дизелите ги застапува 2.0 D-4D со 126 КС и двете верзии на одличниот 2.2 D-4D со 150 и 177 КС.

Да не се расплинуваме комплетните технички податоци ќе ги најдете во галеријата, затоа ќе ги претставиме нивоата на опременост. Почетното Comfort сериски нуди ABS + EBD, контрола на тракција TRC, електронска контрола на стабилност со асистенција на волан VSC Plus, 5 воздушни перници плус 2 завеси, централна брава со далечинско, електрика на ретровизори, радио CD + МР3/WMA со 8 звучници, патен компјутер, мултифункционален дисплеј, клима уред, електрика на предни стакла.

Следното ниво Executive носи плус леснометални бандажи од 16 инчи, греење на ретровизори, светла за магла, автоматски бришачи, Bluetooth, команди на волан, автоматски двозонски клима уред, отвор за скии во задна клупа, електрика на задни стакла, кожен волан и менувач.

Elegance има леснометални бандажи од 17 инчи, биксенон предни светла, I-AFS интелигентен систем за адаптација на предните светла, паркинг сензори одзади, интелигентен систем за влегување и стартување, темпомат со лимитатор на брзина.

Највисокото ниво на опременост Luxury носи дополнителни благодети како леснометални бандажи од 18 инчи, греачи на предно стакло, премиум аудио систем со 10 звучници и сабвуфер, сателитска навигација и паркинг камера, електрика на предни седишта со греење, електрично подесување на волан, кожен ентериер.

Што се однесува до цените тие се следни:

Comfort
1.6 VVT-i    22.990 евра
2.0
D-4D    25.490 евра

Executive
1.6 VVT-i    24.990
евра
1.8 VVT-i    26.990
евра
2.0
D-4D    27.490 евра
2.
2 D-4D (150 КС)    30.490 евра

Elegance
1.8 VVT-i    28.990
евра
2.0
D-4D    29.490 евра
2.
2 D-4D (150 КС)    32.490 евра
2.
2 D-4D (177 КС)    33.490 евра

Luxury
2.0 VVT-i    33.990
евра
2.
2 D-4D (150 КС)    36.490 евра
2.
2 D-4D (177 КС)    37.490 евра

Наведените цени се за седанот. Доплатата за комби верзијата изнесува 1.000 евра


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook