|
21.11.2008 |
Под оваа име стартува големото другарување на Citroen, поточно
на автомобилите кои го носат двојниот запченик на носот со заинтересираните клиенти и
поклоници на марката.
Станува збор за отворени врати низ кои следи запознавање со новите и
со постоечките, но модернизирани модели на Citroen. Во игра
се новото Berlingo, новиот С5, новиот и единствен SUV на Citroen,
C-Crosser и редизајнираниот С4.
Заинтересираните патем ќе можат да направат и кусо тест
возење каде не само што ќе можат да се запознаат, туку ќе можат и директно да го
почувствуваат секој од новитетите на Citroen.
Фестивалот на новитети во Citroen ги отвора
своите врати за заинтересираните и љубителите на 22 и 23 ноември во преиод од
10 до 17 часот во салонот на увозникот Avtonova на улица
Скупи ББ во Скопје.
|