Fiat и импортерот Automobile SK
се искачија на првото место на ранг листата на продажба во Македонија со
продадени 1.348 нови возила заклучно со месец октомври.
Со ова Fiat оствари пазарно учество од 9,2
% и уште еднаш докажува дека е способен на своите потрошувачи да им го обезбеди
најдоброто од Европа.
Споредбено со продажбата во
минатата 2007 година, Fiat бележи раст за 253 ново продадени возила или 23,1%
повеќе. Ова пред сè се должи на извонредната гама на патнички и комерцијални
возила што оваа марка ја има во својата понуда.
Анализирајки по сегменти, Fiat
и понатаму цврсто чекори во сегментот на комерцијалните возила со 36 % пазарно учество, што е за 9,83% повеќе во
однос на истиот период минатата година.
Како и во сегментот на
комерцијалните возила така и кај патничките возила Fiat продолжува со нагорниот
тренд, со 812 ново продадени патнички автомобили бележи раст за цели 34% во
споредба со истиот период минатата година.
Првото место за новопродадени
автомобили во нашата држава во најголема мера се должи благодарение на широката
лепеза од автомобили како од патничката, така и од товарната гама, односно
покривање на сите целни групи и понуда за сечии вкус и џеп.
Патничката програма е ниту
малку скромна и во своите редови може да ги вброи и градските љубимци како
Bravo, Grande Punto, Linea, Panda, Fiat 500 кои се закитени со најразлични
признаниjа почнувајки од Автомобил на годината па се до титулата AutoBest.
Од комерцијалната програма
секако како најголем адут се издвојува Doblò, автомобилот кој не знае за
граници. Секако овде треба да го спомнеме и Ducato кој деновиве слави еден
огромен јубилеј, произведени два милиони примероци од неговото лансирање.
Како надополнување на
инзворедната гама на најпродаваните комерцијални возила се и Fiorino кој се
закити со титулата Ван на годината 2009, потоа Fiat 600 Van, Punto Van како и
Fiat Scudo.
|