Новата генерација на популарниот мини автомобил на Ford по
премиерата во салонот на импортерот Ми-Да Моторс тргнува во освојување на
македонскиот пазар.
Првиот Ford Ka беше лансиран во 1996 и од тогаш прерасна во икона на
европскиот пазар носејќи со себе многу стил којшто го наследува и
новата генерација спакувана и изградена околу кинетичкиот
дизајн на Ford.
Со впечатливиот дизајн и надвор и внатре,
нагласената динамика и единствениот карактер, целта на Ka е да
постави нови стандарди во сегментот и да започне ново поглавје во успешната приказна.
Новата генерација на Ka која е
поставена на истата платоформа со Fiat 500 доаѓа со
два агрегати. Познатиот бензинец со зафатнина од 1.2 литри со 69 КС и турбо
дизелот од 1.3 литри со 75 КС.
Секако инженерите и дизајнерите на Ford успеаја да
му дадат сопствен печат на автомобилот посебно во дотерувањето на подвозјето и
возните карактеристики кои треба да се најдобри во класата.
На располагање се две нивоа на опременост Ambient
и Titanium.
Ambient доаѓа опремен со ABS, две
воздушни перници, пасивна електронска блокада на моторот, затемнети стакла,
електрика на стакла, серво волан кој се мести по висина, склоплива задна клупа,
електрика на ретровизори со греење, местење на возачко седиште по висина,
централна брава со далечинско.
Бензинецот 1.2 Ambient чини од 9.550 евра,
додека дизелот 1.3 Ambient стартува со цена од 10.950 евра.
Повисокото ниво Titanium дополнително нуди
осветлување на багажникот, предни светла за магла, мануелен клима уред, радио CD со MP3 со шест
звучници и AUX. Цените за Titanium стартуваат од
10.350 евра за бензинецот и од 11.750 евра за дизелот.
Доколку сакате вашиот нов Ka да го
красат леснометални бандажи за нив за нивото Ambient, Ford бара
доплата 400 евра. Тогаш во пакет се добиваат бандажи со пречник од 14 инчи и светла
за магла напред. Во Ambient за плус 300 евра се добива и радио CD со MP3 со шест
звучници и AUX.
Доплатата за 15 инчни леснометални бандажи кај Titanium изнесува
500 евра. Металната боја и во двете нивоа се добива за 250 евра, додека за двете четирислојни метални
бои наречени (Piste и Blush) треба да се издвојат 500 европски банкноти.
|