Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Гламур со историски возила во Гевгелија
14.05.2007
cdemВчера во хотелот Фламинго во Гевгелија се одржа првиот меѓународен Concours d'Elegance” во Македонија. Настанот во организација на АМСМ привлече возила од Грција, Бугарија и Србија.


Домашните сопственици на олдтајмери за прв пат во вистинска конкуренција добија можност да бидат оценети за трудот вложен во реставрацијата на нивните убавици. На манифестацијата учествуваа 42 натпреварувачи во 4 класи, поделени според годината на производство: класа 1 за возила до 1950 година, класа 2 возила од 1951 до 1960, класа 3 од 1961 до 1970 и класа 4 за возила произведени од 1970 до 1976 година. Се додели и специјално признание за најубавото возило на манифестацијата, титулата Bест in Show. Таа у припадна на претставникот од Србија, Сафет Хаџич со Мercedes-Benz 190 SL од 1960 година.

cded Во идеални временски услови за претставување и во пријатното опкружување на Хотелот Фламинго убавиците заблескаа во полн сјај, а присутните гости од сите делови на Балканот уживаа во претставувањето на секој модел поединечно. Посетителите можеа и да се запознаат со сопствениците на возилата. Организацијата им приреди убаво изненадување на присутните, рачно изработени костими кој ги прикажаа модните тенденции и специфики во модата почнувајќи од 1920 година па се до 1980 година. Седумте прекрасни модели избрани на специјално организиран кастинг од страна на Меѓународната агенција за модели Expose, имаа задача да ги претстават овие костими, и претставувањето на самите возила да биде комплетно, што беше навистина несекојдневно убава глетка затоа што убавината на возилата дополнета со убавината на костимите и моделите што ги носеа претставува нешто што од секого измамува воздишка.

Костимите беа дело на мајсторот за костимографија на Софиската Опера, Христијана Михаилева која истите ги изработи специјално за овој конкурс на елегантност, а за изработката беа потребни 30 дена комплетна посветеност за секој од деталите да го има вистинскиот сјај.

cdebНастанот воедно претставуваше и место на кое се собраа голем број сопственици на Историски возила од Македонија, за да присуствуваат на првиот состанок на иницијативниот одбор за формирање на Федерација на сопственици на Историски возила во Македонија. Состанокот претставува историски момент со кој се покажува дека Македонија оди напред со следењето на светската тенденција за правилно вреднување на значењето на културно историското минато, а овие возила се дел од истото. На состанокот е утврдена постапката, согледани беа досегашните активности и дадени насоки за идните и даден беше предлог датум 4-ти Септември на кој треба да се одржи конститутивен состанок на Федерацијата за Историски Возила.

cded1 АМСМ кани во Скопје на Градскиот Плоштад на 1-ви септември, кога е предвидено да  се одржи вториот Конкурс на елегантност во Македонија.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook