Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hankook отповикува серија гуми
20.07.2009
hankook-logo-1.jpgКако мерка на претпазливост во врска со безбедноста и задоволството на корисниците Hankook Tire објавува доброволно заменување на гумите Radial RA08 наменети за лесни камиони за секундарниот пазар.

Со акцијата за замена на гумите Hankook Radial RA08 опфатени се величините 185/75R16C, 205/75R16C и 215/75R16C. Наведените димензии на гуми се со спецификација за замена, а се работи за вкупно помалку од 20 парчиња продадени во Македонија за секундарниот пазар кои биле произведени помеѓу април 2008 и јуни 2009 во фабриката на Hankook Tire во Унгарија.

Иако наведените гуми во целост ги исполнуваат строгите норми на Економската Комисија за Европски Регулативи (ECE R54), при неодамнешен тест за потврда на квалитетот утврдивме дека некои Radial RA08 гуми произведени за европскиот пазар не ги задоволуваат нашите стандарди за висок квалитет, што можеби ги поврзува со пократок век на траење од предвидениот.

Приоритет на Hankook Tire е безбедноста на корисниците и поради тоа ја преземаме оваа иницијатива како мерка на претпазливост со која дополнително ќе ја зајакнеме довербата од корисниците.

Интерните тестови покажуваат дека производот може да покаже знаци на намалено ниво на перформанса на страничниот ѕид при екстремни услови на употреба, или, при злоупотреба.

Hankook Tire ги идентификуваше потенцијално проблематичните гуми и веќе работи со партнерите од дистрибутивниот канал веднаш да ги отстрани постоечките залихи. Поставена е посебна интернет страница за корисниците за секоја земја во која биле продадени примероци од овие гуми.

Hankook Tire обезбедува бесплатна замена на сите засегнати Radial RA08 гуми.

Ги повикуваме корисниците кои користат гуми од горенаведените типови веднаш да го контактираат својот локален дистрибутер. За дополнителни информации, корисниците можат да ја посетат интернет страницата на Hankook Tire Europe www.hankooktire-eu.com или да ја контактираат канцеларијата на Hankook: Hankook Tire Istanbul Office, +90 2122903694

На сликата во галеријата се детали за гумите опфатени со овој проглас на Hankook:

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook