Дефинитивно Hyundai i10 претставува успешна
приказна, но патот не застанува тука. Hyundai продолжува
да го унапредува и сака да го направи уште поатрактивен градски автомобил.
Затоа го претставува новиот мотор од 1.2 литри од
генерацијата на бензински четирицилиндерци Kappa. Новиот
мотор нуди значително подобри перформанси од 1.1 литарскиот бензинец, но ја
задржува потрошувачката и емисијата на издувни гасови на исто ниво.
Ефикасноста на новиот мотор комплетно изработен од
алуминиум се огледува во зголемувањето на моќноста за 18% што е еквивалент на
вкупно 78 коњски сили и вртежен момент од 118 Nm наспроти
98 Nm колку што остварува 1.1 литарецот што е подобрување од
20%.
Сето ова значи порелаксирано возење, поретко посегање по
рачката од менувачот, подобро забрзување, поголема максимална брзина, полесно
одржување на повисока патна брзина.
Изразено во бројки тоа значи максимална брзина од 165 km/h место 151 km/h и
забрзување до 100 km/h за 12,8 секунди што е за безмалку 3 секунди подобро од
1.1 литарскиот мотор.
Новиот мотор со стартот на октомври е достапен и на нашиот
пазар во пакетите Start, Simple, Simple A/C и Fancy. Сега со
највисокото ниво на опременост покрај вообичаената опрема сериски се
добиваат и волан и рачка од менувачот преслечени со кожа.
Голема продобивка од сместувањето на 1.2 литарецот под
хаубата на i10 е и можноста за вградување на Eлектронска
програма за стабилност или ESP кој за првпат се нуди во i10.
И како да заврши приказната, со цена секако. i10
1.2 Start, стартува со 7.999 евра што е само 222 евра повеќе од исто
опремениот i10 1.1, додека најопремената верзија Fancy каде во
серија се добива кодиран клуч, светла што се местат по висина, тонирани стакла,
деллива задна клупа, централна брава со далечинско, аларм, електрика на стакла
напред, серво волан, две воздушни перници, светла за магла, спојлер на кров
назад, ретровизори во боја на каросерија, клима уред, ABS, кожен волан и рачка од менувач, чини 9.399
евра.
|