Глобалната стратегија на Hyundai за
поддршка на спортските настани е во постојан подем за што сведочи и поддршката
на Балканскиот шампионат во велосипедизам.
Преку застапникот за Македонија, Кореа Ауто Трејд, Hyundai
како генерален спонзор активно учествуваше во организирање и реализирање на
оваа спортска менифестација заедно со Велосипедската федерација на Македонија.
Балканскиот шампионат во велосипедизам за првпат се
одржува во Македонија, а град домаќин беше Битола. На шампионатот учество земаа
репрезентациите на сите балкански држави со исклучок на репрезентацијата на
Грција.
Преку 200 натпреварувачи ги испробаа својте сили во две
главни дисциплини: друмско возење и возење на хронометар, кое пак, беше
поделено во четири категории.
Во текот на возењето натпреварувачите ги следеа четири
модели на Hyundai, станува збор за i30, во кои се
возеа интернационалните судски тимови.
Покрај активното учество во трката Hyundai се вклучи
и во наградниот фонд на Блаканијадата во велосипедизам и имаше чест да го
награди најуспешниот македонски велосипедист Јоже Јованов кој за прв пат за
Македонската репрезентација го освои сребрениот медал во трката хронометар.
Со поддршката на Балканскиот шампионат во велосипедизам Hyundai
докажува дека продолжува да биде поддршка на големите спортски менифестации.
|