Една од нашите најголеми музички ѕвезди Калиопи и
генералниот увозник на Peugeot за Македонија компанијата Euroimpex ја
продолжуваат својата плодна соработка.
На прес конферанцијата одржана по овој повод Калиопи беше
претставена како заштитно лице и голем пријател на Peugeot.
„Нашата прва соработка со Калиопи беше во 2002,” истакна
косопственикот на Euroimpex, Кирил Воиновски. „Сигурно се сеќавате на спотот за
песната - Дали ме сакаш – во кој Калиопи возеше Peugeot 206 CC.”
„Денес очите на јавноста Калиопи ја перципираат како дама
и врвен уметник чија енергија е во склад со нашиот убав теренец Peugeot
4007,” го заврши кусото излагање Воиновски воедно предавајќи и ги на Калиопи
клучевите од 4007.
„Јас сум страствен возач и од секогаш сум сонувала да
имам – џип. Сега можам да го живеам мојот сон што ме прави многу среќна,”
истакна Калиопи.
Тренецот Peugeot 4007 е новото возило на Калиопи и нејзиното
семејство кои очекуваат секој километар во него да се претвори во вистинско
уживање.
Секако соработката меѓу Калиопи и Peugeot не
застанува тука. Peugеot преку Euroimpex ќе ја следи Калиопи во сите нејзини потфати. Па можеби
во спотот на следниот голем хит, Калиопи ќе седи зад воланот на 308 СС.
|