Get Adobe Flash player
Lancia Delta пристигна
30.06.2009
lancia-delta-1.jpgDelta, историско име кое го означува врвот на историјата на автомобилот и на автомобилскиот спорт за Lancia, но истовремено е и математички симбол кој значи промена, или пак, развој.

Името Delta е поврзано и со еден од најдобрите рели автомобили на сите времиња но претставува и универзален симбол на различноста, како струја коjа тежнее кон перфекција.

Delta е првото возило создадено според новата филозофија на Lancia. Оригинално и уникатно, спој на две фундаментални вредности за марката, елеганција и стил. Ја обединува традиционалната елеганција на Lancia со оригинални дизајнерски решенија кои ги поврзуваат спортскиот дух и комфорот.

Delta во должина мери 4,5 метри, широка е 1,8 метри и висока 1,5 метри. Таа доаѓа на чело на сегментот берлини од средната класа проектирајќи ја традицијата на големи модели на Lancia од Aprilia до Appia, од Fulvia до Beta, од Prisma до Dedra сè до Lybra.

Дизајнирана во Центарот за стил на Lancia, новата Delta е карактеристична по нејзината впечатливата маска симбол на марката. Од зади пак вертикалните LED светла ја истакнуваат елеганцијата која дополнително е нагласена со бојата.

Delta подлежи на долг процес на боење, дополнителни шест часа во однос на традиционалниот процес. Тоа што во минатото претставуваше занаетчиска изработка, резервирана само за елитата денес претставува понуда за целата гама на Lancia.

Благодарение на димензиите Lancia Delta нуди нагласен комфор подобрен со рафинираност која доаѓа од богатство на бои и квалитет на материјали. Кровот наречен Noise Absorbing Roof гарантира одлична звучна изолација додека големите странични стакла се виновници за многу светло во кабината дополнително зголемена со подвижниот покрив која опфаќа 80% од вкупната површина на кровот.

Она што го подигнува луксузот на ова возило е примената на скапоцени материјали како кожа Alcantara за ентериерот и командната табла во Benova®. Внатрешноста со лизгачката задна клупа со потпирач кој се накосува до 25° се претвора во вистинска гостинска соба. Менување на аголот на потпирачот и лизгањето на задната клупа го зголемуваат и багажникот од 380 литри до 465 литри.

Во соработка со најдобрите партнери, Lancia Delta нуди радио Blaupunkt или по нарачка Hi-fi Bose® со сабвуфер, CD и MP3, со команди на волан. Или пак функција Blue&Me® создаден во соработка со Microsoft, Bluetooth® , USB, MP3 и SMS. Креирани во соработка со Magneti Marelli, овие иновативни уреди гарантираат мултимедијални перформанси.

Темпераментот на Lancia Delta доаѓа од моторите и механиката. На располагање се трубо бензинецот 1.4 Turbo Jet со 120 КС и 150 КС и турбо дизелот 1,6 Multijet со 120 КС спарен со роботизиран менувач. На нив се приклучуваат и два сосема нови мотори 2.0 Multijet со 165 КС и 1.9 Twin Turbo MultiJet со 190 КС.

Понудата во гамата мотори ја заокружува новиот иновативен турбо бензинец со директно вбризгување 1.8 Di TurboJet со 200 КС кој снагата до предните тркала може да ја пренесува и преку шест степен автоматски менувач. Карактеристично за сите мотори во Delta e задоволувањето на нормите Euro 5.

Покрај напредните мотори и Delta ја краси и вградувањето на напредна технологија како Absolute Handling System за контрола на стабилноста, LTF Linearization Torque Feedback кој го контролира испорачувањето на вртежниот момент на погонските тркала кога се вртат со различна аголна брзина со што се подобрува контролата врз возилото во свиок, и TTC Torque Transfer Control иновативна функција која го пренасочува вртежниот момент на погонското тркало со подобра тракција, односно симулира присуство на самоблокирачки диференцијал подобрувајќи ја тракцијата во свиок.

Под знакот на напредната технологија Lancia Delta вградува и Reactive Suspension System или електронски контролирана суспензија со амортизери со варијабилно придушување на ударот со што значително се подобрува удобноста и се зголемува филтрирањето на нерамна подлога.

Опремата е надополнета со полуавтоматски систем за паркирање, Driving Advisor кој го предупредува возачот доколку без трпкач ја смени кловозната лента, или пак, се упати кон ивицата на коловозот. Сите овие системи имаат единствена цел. Поедноставување и подобрување на искуството во возењето и се дел од концептот на Lancia, VIP Driving.

За најпребирливите купувачи кои сакаат да се истакнуваат Lancia Delta нуди над 1.000 персонализации, во 3 верзии, 4 типа седишта, 3 ентериери, 4 типови леснометални бандажи, 12 бои на каросерија и 12 двобојни комбинации.

Lancia Delta кај нас доаѓа со три моторни изведби и три нивоа на опременост. Турбо бензинецот 1.4 T-Jet со 120 КС и 150 КС и турбо дизелот 1.6 М-jet со 120 КС и нивоата на опременост Argento, Oro и Platino.

Стартува од 17.990 евра за 1.4 Т-Јеt со 120 КС Argento и оди до 22.990 евра за 1.6 M-jet со 120 КС Oro. Најскапиот бензинец е 1.4 Т-Јеt со 150 КС Platino и чини 21.790 евра.

 

 

 

 

Facebook