Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
МакАутоСтар со нов салон во Струмица
06.06.2008
makautostar-salon-strumica-.jpgНа 4 јуни во Струмица свечено беше отворен новиот салон на компанијата МакАутоСтар генерален застапник на Daimler за Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors во Македонија.

Салонот се наоѓа на главниот булевар Гоце Делчев во центарот на Струмица и ги задоволува стандардите за продажба на возила востановени од Mercedes-Benz и од Mitsubishi Motors.

Генералниот директор на МакАутоСтар, Зоран Марковски и Градоначалникот на град Струмица, Зоран Заев свечено го отворија салонот истакнувајќи ја притоа важноста за присуството на двете големи автомобилски марки во регионот.

Како што наведе генералниот директор на МакАутоСтар, Зоран Марковски причината за отворање на еден ваков продажбен салон во Струмица е исклучителниот напредок и економски раст на регионот единствен во Македонија.

Во моментот активностите на МакАутоСтар се насочени само кон продажба на возила и се надеваат дека во догледно време со оглед на развојот на струмичкиот регион ќе почне да се работи и на вклучување на сервисните активности во понудата кои за сега се одвиваат само во центрот во Скопје.

Продажниот салон се протега на површина од преку 300 метри квадратни доволно за под една капа да се смести безмалку целата понуда на Mercedes и Mitsubishi.

Посетителите на салонот и потенцијалните купувачи во секое време ќе можат одблиску да се запознаат со изложените автомобили од Класата А, В, С и Е на Mercedes и моделите на Mitsubishi Outlander, Lancer, Colt и L200.

По повод свеченото отварање на продажниот салон во Струмица и со цел граѓаните и жителите во регионот подобро да се запознаат со целата гама на возила и на Mercedes и на Mitsubishi, МакАутоСтар организира тест возење за сите заинтересирани кое ќе се одржи на 7 јуни, сабота.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook