Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Марко Блажевски вози во Polo Cup
18.11.2008
marko-blazevski-polo-cup.jpgДолгогодишниот шампион на Македонија во картинг и носител на титулата Златна кацига, Марко Блажевски од в година ја продолжува својата кариера во Polo Cup.

Volkswagen Polo Cup постои 11 години и се смета за една од најпрестижните јуниорски серии бидејќи е дел од DTM и се вози на најпознатите писти во Германија како Нирбургринг и Хокенхајм.

Важноста на VW Polo Cup за младите возачи, од 16 до 26 години, кои подоцна сакаат да ја продолжат својата кариера во DTM, WTCC, па дури и Formula 1 е голема. Polo Cup служи како одскочна даска, а доказ се голем број возачи кои денес возат во овие врвни автомобилски шампионати.

Годинава квалификациите се одржаа на патеката Ошерслебен на крајот на октомври и на нив учествуваа 60 кандидати од кои само 12 ги минуваат ригорозните тестирања и продолжуваат следната година да возат 10 трки колку што изнесува купот.

Марко Блажевски единствен од Македонија, но и од Југоисточна Европа, иако првпат се сретнува со тркачки автомобил успеа да се пласира во финалето.

Неговиот успех е во толку поголем бидејќи тој е единствениот 16 годишник меѓу многу постари и поискусни возачи, кои претходно имале искуство со тркачки автомобили, кој успеа годинава да се квалификува.

Воедно квалификацијата на Vokswagen Polo Cup е потврда за неговата виртуозност зад воланот и освојувањето на 6 шампионски титули во 8 годишната кариера во картинг. Резултат вреден за почит.

Volkswagen Pol Cup се вози со тркачка верзија на VW Polo која има мотор FSI од 1.984 сс и моќност од 150 коњски сили, автомобилите со кои возат натпреварувачите се идентични, а како доказ служи постојаното менување на возилата пред секоја трка.

Што значи дека победникот од претходната трка може да вози со автомобилот кој завршил последен и обратно.

Претставувањето на возачите кои ќе учествуваат во Polo Cup 2009 ќе биде на годинешното Есен мотор шоу на 29 ноември каде ќе биде презентиран и календарот за следната година.

Секако учството во една престижна серија како што е Volkswagen Polo Cup не е ефтино. Учеството во цела сезона чини 45.000 евра средства за кои Марко Блажевски се надева дека ќе дојдат од спонзори.

Професионална кариера 

Марко Блажевски е роден 02.09.1992
1999 Почеток на кариерата во картинг. Вози три трки, второ место во генерален пласман во Шампионатот на Македонија.

2000 Шампион на Македонија во картинг.

2001 Шампион на Македонија во картинг.

2002 Шампион на Македонија во картинг. Ја освојува престижната награда да Златна кацига за освоени 3 титули едноподруго. 3. место на меѓународна трка во Порторож, Словенија. Четири 1. места на меѓународна трка во Крагуевац, Србија. Две 1. места на меѓународна трка во Кула, Србија.

2003 Шампион на Македонија во картинг. Две 1. места на меѓународна трка во Крагуевац, Србија.

2004 Шампионатот на Македонија во картинг не се одржа. 2. место на меѓународна градска трка во Скопје по повод 13 ноември. 3. место во Југоисточлна Европа на кртинг трка во Пловдив, Бугарија. 2. место во генералeн пласман во Шампионатот на Србија и Црна Гора со само 3 бода помалку од првопласираниот.

2005 Шампион на Македонија во картинг.

2006 Шампион на Македонија во картинг.

2007 Две 1. места во еден тркачки викенд од Шампионатот на Македонија.

2008 Квалификација за учество во серијата Volkswagen Polo Cup, дел од Шампионатот на Германија за сезоната 2009. Првата трка е на 26 април 2009 на патеката во Хокенхајм.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook