Комерцијалните возила Mitsubishi Fuso кои постојат на светскиот пазар преку четири децении
и до сега многупати го потврдиле својот квалитет се вистинска инвестиција без
оглед на дејноста со која се занимавате.
Иако звучи надмено, сепак со преку 3.2 милиони
произведени теретни возила од кои голем дел се возат ден денес Canter е идеален комерцијален превозник.
Широката гама на Canter вклучува шасии од 3.5 до 7.5 тони бруто тежина, 4 типа на
кабини и 4 мотори. Економичните, моќни и издржливи мотори ги исполнуваат
нормите Euro 4.
Стандардната опрема на Canter опфаќа ABS, опција
e само за верзиите од 3.5 тони, и диск сопирачки. Сопирањето
е потпомогнато и од моторната сопирачка која доаѓа сериски кај сите изведби на
Canter.
Mitsubishi
Fuso во 3.5 тонскиот и 4.5 тонскиот Canter го нуди сопствениот 3.0 литарски четирицилиндричен турбо
дизел во три различни изведби. Најслабата верзија остварува 110 КС и 255 Nm вртежен момент.
Следна е изведбата со 125 КС и 294 Nm,
додека во најмоќната варијанта моторот остварува 145 КС и
362 Nm
максимален вртежен момент.
Благодарение на директно вбризгување со common rail технологијата и променливата геометрија на турбо полначот и плус филтрите
за честички чад, кривата на вртежниот момент кај сите три изведби е безмалку
рамна од 1.700 врт/мин кога се остварува максималната
вредност на вртежниот момент па се до 3.200 врт/мин кога моторот ја остварува
максималната моќност.
Поголемите изведби на Canter од 6 до 7.5 тони ја користат најмоќната верзија на 3.0
литарецот со 145 КС и 362 Nm, додека врвот од
понудата е загарантиран за 5.0 литарскиот четирицилиндарец кој како и помалиот
мотор располага со директно вбризгување и common rail технологија, променлива геометрија на турбо полначот и
филтер за честички чад и остварува моќни 180 КС при 2.700 врт/мин и мрсен
вртежен момент од максимални 530 Nm при 1.600 врт/мин.
Во кабината се наоѓаат сите контролни индикатори кои упатуваат кога е дојдено времето
за сервисирање на Canter. Нивото на моторното масло се проверува само со притискање
на едно копче на инструмент таблата. Така се штеди време за дијагностицирање и
во исто време се намалуваат трошоците.
Новите изведби на Canter нудат седум различни меѓуоскини
растојанија што даваат многу предности како поголема товарна должина и помали димензии на возилото. Независно од
варијантата карактеристични за Canter се малиот радиус
на вртење и лесното маневрирање во тесните улици.
Промоцијата на Canter
во Македонија стартуваше преку единственото roadshow за товарни и патнички
возила кое го организираше застапникот МакАутоСтар. Ова
roadshow стартуваше на 20. мај и завршува
денес на 1 јуни и ја обиколи целата наша држава.
За време на настанот кој посети седум града низ
Македонија беа претставени изведбите на Canter 7C15/3850 и 3C13D/3350. Возилата беа
стандардно опремени со диск сопирачки напред и назад, електрика на стакла,
моторна сопирачка, зајакнати амортизери, два акумулатори со голем капацитет,
филтер за гориво со греење и сепаратор на вода и светла за магла и товарна хидраулична платформа
одзади .
Гаранцијата на што ја дава Mitsubishi Fuso за Canter е 3 години или 100.000 km. Цените се познати кај застапникот
и зависат од изведбата и желбите и потребите на купувачот.
|