Концернот VAG забележа многу новини на македонскиот пазар кои покрај
од Volkswagen доаѓаат и од останатите марки на групацијата како Audi,
Skoda, но и од домашните дилери.
Најголемата новина е пристигнувањето на новата генерација
на Polo во Македонија. Она што јасно се забележува е дека новата
генерација го прави Polo значително поразличен од предходникот, а
голема е сличност со актуелната шеста по ред генерација на Golf.
За Polo пишувавме веднаш по неговата светска премиера. Она
што е интересно е најавата дека до крајот на годината под хаубата на Polo ќе почне да брмчи новиот 1.2 литарски TSI со 105 КС.
Цената стартува од 10.842 евра, а за почетокот на
продажбата во понудата стои промотивниот богат пакет опрема Trendline со кого Polo 1.2 ценовно почнува од 11.900 евра.
Audi Q7 фејслифт
Обновениот џин на Audi, Q7 пристигна. Затегнувањето на брчките за да
се остане во велната младост и подобрувањето на економичноста и намалувањето на
емисијата на штетни гасови беше главна задача на тимот од Инголштад.
Измените на каросеријата се минимални. Во очи паѓаат
новите предни и задни светла со LED технологија и новата маска на ладилникот. Ниту ентериерот
не претрпел поголеми измени. Новина се поквалитетните материјали и поголемата
палета на ткаенини, кожа и бои.
Петте агрегати со распон на моќност од 240 КС до 500 КС остануваат
во понудата. Цените се движат од 60.000 евра за 3.0 V6
TDI до околу 150.000 евра за врвната изведбата 6.0 V12 TDI.
Skoda Yeti
Пуштањето во сериско производство на концептен автомобил
е естварување на вечниот сон на дизајнерите и инженерите. Токму тоа им се
случува на луѓето од развојните одделенија на Skoda.
Ренесансата што ја живее чешкиот производител под капата
на групата Volkswagen значеше и дека нивниот
концепт Yeti еден ден ќе се појави на пазарот. Првиот SUV со знакот на Skoda совршено се вклопува во традиција на Skoda.
Едноставен и солиден, скроен според најновите европски
стандарди Yeti ја гледа својата шанса во ниската продажната цена која стартува од 13.870 евра за основниот модел 1.2 TSI
Active и големата палета на агрегати и можноста
за персонализација.
Тука е и погонот на четири тркала за кого во Skoda
тврдат дека не постои недостапен терен, а дивината
станува дел од секојдневието. Кај нас Yeti се нуди со три нивоа на опременост Active, Ambition и Experience.
DeLux Auto
Е името на новиот продажнo сервисен центар на Skoda во Македонија лоциран крај Кумановокој на магистралниот
пат што води кон Северноисточниот регион на државата.
Центарот е дел од мрежата на најголемиот увозник на
автомобили кај нас компанијата Порше Македонија. Објектот на површина од 1.300 m2 е во можност да им понуди комплетни услуги на своите клиенти.
Најмногу внимание во DeLux Auto посветиле на сервисот кој е опремен по највисоки стандарди поставени од
германскиот концерн и во кого работат стручни лица кои со себе носат големо
искуство и бројни тренинзи во матичаната фабрика.
Покрај возилата од гамата на Skoda во новиот објект na DeLux Auto ќе можат да се купат и останатите возила
од програмите на VW и Audi.
|