Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Мото рели Македонија 2008
04.09.2008
moto-reli-makedonija-2008-1.jpgПод покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а по повод денот на независноста на Република Македонија од 6 до 8 септември ќе се одржи мото рели.

Мото релито кое се одржува по повод независноста на Република Македонија премина во традиционален настан од меѓународен карактер кој обединува голем број на мотоциклисти од цела Европа, но и од светот.

Стартот на годинешното Мото рели Македонија 2008 ќе се случи на 6 септември во Скопје од каде мотоциклистите заминуваат на пат во источните предели на Македонија.

По целодневната рута низ Источна Македонија учесниците на релито пристигнуваат во Дојран каде што и ќе преноќат. Вториот ден од стартот на релито маршрутата од Дојран ги води мотоциклистите кон Охрид.

Вечерните часови кога е планирано пристигнувањето во Охрид ќе бидат исполнети со голема забава и културно уметничка програма каде воедно ќе бидат доделени и наградите и признанијата на учесниците во релито.

Последниот ден од релито, поточно на 8 септември караванот се враќа на почетната дестинација, поточно во Скопје, а на патот кон главниот град на републиката ќе минат крај уште еден македонски бисер, Мавровско Езеро.

Се очекува на собирот да присуствуваат около 80 мотоциклисти од странство и 250 домашни мото заљубеници.

Сите оние што сакаат да учествуваат на Мото рели Македонија 2008 можат да се пријават во Мотоциклистичката федерација на Македонија. Котизацијата за учество изнесува 1.00 денари, а во неа влегуваат двете ноќевања, храната и секако присуството на забавната програма.

Рута на Мото рели Македонија 2008

Ден - 1 06.09.2008

Скопје – Куманово – Страцин – Кратово – Пробиштип – Крупиште – Кочани – Македонска Каменица – Делчево – Пехчево – Берово – Струмица – Дојран

Ден – 2 07.09.2008

Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола – Ресен – Галичица – Охрид

Ден – 3 08.09.2008

Охрид – Струга – Дебар – Маврово – Гостивар – Тетово - Скопје

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook