Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Мотоциклистите по 17. пат крстареа низ Македонија
10.09.2008
moto-reli-makedonija-17.jpgТрадиционалното 17. по ред Мото рели Македонија кое се одржува во чест на денот на независноста на Република Македонија, 8 септември, ги надмина очекувањата.

На мото релито годинава насловено Македонија 2008 учествуваа повеќе од 450 вљубеници во мотоциклите, патувањето, доброто дружење и секако добрата забава.

Годинава мото релито Македонија 2008 кое во должина мереше 945 km го одбележаа мотоциклисти од Русија, Украина, Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија, Австрија, Франција и секако најбројни беа домашните мотоциклисти.

Релито стартуваше од Плоштад Македонија во Скопје. Мотоциклистите беа поздравени од Генералниот секретар на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Зоран Наумовски – Кизо и Спортскиот директор на релито Ѓорѓи Несторов – Зрно кои воедно им посакаа среќен пат и добра дружба.

Според предвиденото по целодневна рута од 360 km низ Источна Македонија колоната мотоцикли пристигна на својата крајна дестинација од првиот ден на релито, Дојран.

По преноќувањето покрај Дојранското Езеро вториот ден ги чекаше пат во должина од 345 km. Рутата ги доведе директно до уште еден наш природен бисер Охридското Езеро каде покрај богатата културно уметничка програма и големата забава беа доделени и соодветни награди и признанија на учесниците.

Наградите и признанијата беа поделени во следните категории: Најбројна екипа од Македонија и од странство, најстар и најмлад учесник, најатрактивен и најстар мотоцикл, гостин од странство со најмногу пројдени километри и секако признание за фер-плеј.

Последната, но и најкратка делница од 240 km ги доведе мотоциклистите на целта, поточно на појдовната точка во Скопје. За цело време на релито мотоциклистите ги следеше сончево и топло време кое дополнително допринесе за уживање во патувањето и разгледувањето на природните убавини на Македонија.

Мото релито Македонија од година на година добива се поголем замав и прераснува во манифестација која најсликовите го претставува најголемиот празник во новата историја на Република Македонија, денот на независноста.

Слобода, одважност, издржливост, истрајност се обележја кои им се припишуваат на мотоциклистите и воедно се обележја на идејата со која Република Македонија ја стекна својата независност.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook