|
30.03.2009 |
Развивајќи ја
својата мисија за долготраен развој, Automobile SK увозник и дистрибутер на
возилата од групацијата Fiat, неодамна отвори нов модерен регионален центар во
Битола.
Лоциран на патот што води кон граничниот
премин „Меџитлија“ центарот ги
задоволувa потребитe на целиот југоисточен регион од државата.
Проектиран
и изграден според европски стандарди се
простира на површина од 2.000
m2 и опфаќа простран изложбен салон, современ механичарски и лимаро-фарбарски
сервис, како и магацин и продавница за оригинални резервни делови.
Во сервисот работи обучен кадар и истиот е опремен со
соодветна техника и опрема, додека во специјализираниот лимаро-фарбарски
оддел се вршат каросериски поправки на сите видови патнички и комерцијални
возила.
Благодарение на
врвната технологија и комората со која се располага, целиот процес е поедноставен, поквалитетен и
побрз.
|