Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов продажен центар на Volkswagen во Струмица
24.10.2008
vw-salon-strumica-1.jpgИмпортерот на Volkswagen во Македонија, компанијата Porsche Makedonija работи на зголемување бројот на дилерите на Volkswagen и покривање на целата територија на државата.

Покрај веќе постоечките центри на Volkswagen во Скопје, Демир Капија, Битола, Охрид, Тетово, отворен е нов изложбено продажен центар во Струмица.

Новиот дилер на Volkswagen, Ab Auto во Струмица во моментов на своите клиенти може да им понуди само продажни услуги, додека технички опремениот сервис ќе следи во иднина.

Големиот број на гости и богатата забавна програма дополнително го украсија настанот, свечено отворањето на центарот на Ab Auto. Покрај отворањето на центарот минатиот викенд беше и организирано тест возење на кое заинтересираните имаа можност не само да се запознаат поблиску, туку и да ги почувствуваат моделите на Volkswagen.

Отворањето на овој нов центар во Струмица е само уште една потврда дека Volkswagen е марка која оди во чекор со времето и потребите на современиот човек.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook