Get Adobe Flash player
Нов продажно сервисен центар на Volkswagen во Тетово
27.05.2008
centrum-co-vw-centar-1.jpgВо петок на 23 мај беше отворен нов продажно сервисен центар на Volkswagen во Тетово, со што новиот дилер Centrum Co. се придружи на успешното семејство на компанијата Porsche Makedonija.

Центарот се наоѓа на влезот од Тетово кога се доаѓа од правецот на Скопје и е изграден според стандардите на Volkswagen. Веднаш паѓа во око архитектурата на објектот единствена не само за регионот и Тетово туку и за цела Македонија.

Отворањето на центарот беше попратено со богата забавна програма во која ужива преку 2.000 гости како од бизнис заедницата во Македонија така и постоечки и потенцијални клиенти на Volkswagen.

Продажно сервисниот центар Centrum Co. располага со сите видови на услуги почнувајќи од продажба до современ сервис каде влегуваат и каросериските поправки.

Викендов веднаш по отворањето на центарот беше организиран и Авто Викенд каде посетителите имаа можност да се запознаат со новите модели на Volkswagen, додека сопствениците на Volkswagen без оглед на староста на возилото имаа можност да направат целосна проверка и компјутерска дијагностика.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat