На плоштадот Македонија во Скопје официјално беше
претставена новата генерација на Aveo со три и со пет
врати која стартува со продажба веднаш по едвај повисока цена.
Според одговорните од General Motors за македонскиот
пазар новото Aveo ќе чини само 100 евра повеќе од својот претходник во
зависност од изведбата. Новина е што од сега Aveo ќе се нуди
исклучиво со серво волан и со радио со CD и МР3.
Она што најмногу плени кај новиот Aveo е
надворешниот дизајн кој запнува за око уште на прв поглед. Остатоткот од
времето се минува во отркивање на детали. Внатрешноста превземена од седанот му
дава нова свежина на автoмобилот.
Тука се и доработените бензински мотори од 1.2 и 1.4
литри кои сега испорачуваат поголема моќност на предните тркала 85 и 101 коњски
сили напроти 72 и 83 колку што остваруваа претходно.
Доработениот 1.2 литарец сега има две брегасти вратила во
глава и четири вентили на цилиндар исто како и 1.4 литарецот. Двата мотори моќноста
до предните тркала ја испраќаат преку подобрен пет степен менувач.
Сето ова е доволно за забрзување до 100 km/h за 12,8
односно 11,9 секунди и максимална брзина од 170, односно 175 km/h. Притоа Aveo во просек
троши 5,5 или 5,9 литри во зависност дали под хаубата работи 1.2 или 1.4
литарецот.
Сето ова го препознаваат потенцијалните купувачи и на
кусото тест возење кое беше организирано во склоп на промоцијата буквално не
ги оставаа изложените модели да здивнат.
Токму поради добриот дизајн и солидната механика со
обновени мотори, но и поради добрата ценовна политика во General
Motors очекуваат дека Aveo повторно ќе биде еден од најуспешните модели на
македонскиот пазар.
На забавата која беше организирана во чест на новиот Aveo, можност за
тест возење немаа само возрасните. Тука своето место на плочникот го пронајдоа
и најмалите за кои исто така како тест возачи се најдоа зад воланот на електричните модели со соодветна големина.
Тие можеа да пробаат и од големата и вкусна Aveo торта, на
која не останаа имуни ниту возрасните, но и да се фотогрфираат како го возат новото Aveo. За оние најхрабрите Chevrolet приреди
вртење во жироскоп што покрај богатата забавна програма беше една од главните
атракции.
Сепак, јунак на денот беше новиот Aveo заинтересираноста
за него е голема и не случајно е што одговорните во GM очекуваат
многу од својот најнов модел.
|