Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Citroen C5 пристигна во Македонија
26.09.2008
citroen-c5-promocija-1.jpgCitroеn поточно увозникот за Македонија, компанијата Автонова, го претстави новиот адут од својата гама, новиот C5, со кој сериозно ќе се наметне во сегментот на висока средна класа.

Уште на прв поглед новиот Citroеn C5 заведува со елегантната, но во исто време динамична линија и остава впечаток на возило со препознатлив карактер и стил.

Во прекрасната атмосфера во Куршумли ан, во Скопје, големиот број гости беа сведоци на несекојдневна презентација што одлично се вклопи во амбиентот и му даде дополнителен сјај на настанот.

Во својот уводен говор, претставникот на Автонова ги претстави успесите на компанијата во петгодишното постоење и ги објави плановите и целите за иднина, од кои може да се издвои скорешното отворање нов регионален сервисно продажен центар во Битола, како и нов мултифункционален автокомплекс во Скопје.

На настанот беа претставени двете варијанти на новиот C5, седан (berlina) и комби (break), кои ќе бидат достапни кај нас.

Со должина од 4,78 m, ширина 1,86 m и висина 1,45 m C5 влегува во сегментот на големи патнички автомобили со препознатлив карактер предодреден од оригинален изглед.

Во зависност од аголот на гледање C5 наликува и на купе и на елегантна лимузина. Со широки решетки за доток на воздух, издолжени фарови,  стилизирана хауба и флуидна линија на кровот С5 се перчи со единствениот дизајн својствен за Citroen.

C5 break исто така изобилува со карактер на стил и престиж, но нуди и многу поголем простор во кабината. И покрај тоа што станува збор за комби профилот на C5 break е флуиден и урамнотежен.

Новиот C5 нуди избор од два типа суспензија, Hydractive 3 Plus или со класични амортизери. Но, без оглед на изборот уверува фактот дека и обата доаѓаат директно од платформата на која е поставен и луксузниот C6.

Hydractive 3 Plus треба да ги одушеви клиентите што ги фацинираат најновите технолошки дистигнувања на марката и сакаат да уживаат во исклучителен комфор.

Класичната амортизација треба да понуди најдиректен допир со патот, но во истовреме да го задржи квалитетот на комфор својствен за Citroеn. Токму со класичната амортизација С5 станува особено конкурентна понуда на пазарот.

Високата технологија и убавиот дизајн ги надополнуваат три бензински и четири дизел HDi мотори и цела гама од менувачи мануелни и автоматски.

И секако најважното покрај богатата сериска опрема C5 може да се пофали со исклучително долг список на дополнителна опрема со која сопственикот може да го персонализира својот миленик до ниво на уникатност.

С5 на нашиот пазар стартува со цена од 22.490 евра


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook