Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Subaru Forester пристигна во Македонија
14.07.2008
subaru-forester-vo-mkd-1.jpgНабрзо откако беше претставенa во Европа новата генерација на еден од највозбудливите SUV на планетата официјално пристигна и кај нас и отвора ново поглавје во понудата на Subaru.

Со повпечатлив дизајн, помоќен, побезбеден, варијабилен Forester ќе се обиде да им докаже на купувачите дека е еден од најдобрите меки теренци во својата класа.

Forester го наследува својот претходник кој повеќе гравитираше во класата на кросовери отколку меѓу современите SUV кои веќе го освоија современиот свет на четри тркала.

Токму поради овие тековни сознанија во Subaru одлучија малку да ја сменат концепцијата и извонредниот кросовер, подобар од многу меки теренци на терен, но и од многу автомобили на асфалт, го претворија во популарен SUV.

Создаден според девизата Најдобро пакување за активен живот новиот Forester е подготвен одлично да ги спои комфорот, перформансите, варијабилноста и безбедноста отворајќи ги вратите на фамилијарните луѓе со активен животен стил, но и на оние кои сакаат беспрекорни перформанси и возни својства како на пат така и надвор од него.

На почеток од понудата Forester е на располагање со бензинскиот 2.0 литарски боксер, додека дизелската верзија се очекува кон крајот на годината.

Моторот остварува 150 коњски сили при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 196 Nm при 3.200 врт/мин што е доволно за максимална брзина од 185 km/h и забрзување до 100 km/h за 11,5 секунди.

Подобри перформанси се очекуваат од 2.5 литарскиот бензински боксер кој со своите 230 коњски сили и вртежен момент од 320 Nm му овозможува на Forester да спринтира до темпо 100 за 7,1 секунди и да вози до максимални 214 km/h.

Нивоата на опременост се означени како X, XS, XT. Уште од најниското ниво X, Forester го носи интелигентниот погон на четири тркала на Subaru, петстепен мануелен менувач со редуктор, комплетна безбедносна и комфорна опрема и сето тоа по цена од 20.995 евра. Понуда којa е и повеќе од поволна за класата во која настапува.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook