Иако на прв поглед сличен на својот претходник новото Coupe на Hyundaiе комплетно редизајнирано и нуди значајни
измени како однадвор така и однатре.
Без оглед што на македонскиот пазар пристигнува со
задоцнување Hyundai Coupe со својот единствен настап се
разликува од масата автомобили. Ова важи буквално за секоја генерација на веќе
култното купе на Hyundai.
Комплетно новиот преден дел со издолжени светла и решетка
во предниот браник каде се вкомпонирани и светлата за магла го прават Coupe
многу поагресивно.
Страничните отвори за одвод на топол воздух сега се украсени
со трепкачи, додека сменетиот задник делува како да е извајан од
скулптор. Кога се гледа одзади први во око паѓаат двете хромирани издувни цевки,
вкусно изведениот спојлер и редизајнираните светла.
Покрај новиот дизајн кој сега нуди и подобра аеродинамика
големо внимание е посветено и на уредувањето на кабината. Нов лик добиле и арматурата
и централната конзола чив дизајн сега изгледа почисто, а спортското чувство зад воланот го будат деталите со
метален финиш.
Инженерите во Hyundai одлучиле да ја
сменат и бојата со која светат инструментите. Сеага тоа светат сино, светлина која Hyundai првпат ja примени кај Santa Fe.
На најголемата новина во опремувањето ќe и се радуваат
аудиофилите за кои сега Hyundai Coupe нуди приклучок за iPod. Традиционлано Hyundai го нуди Coupe со богата
сериска опрема. Дури и кога под хаубата работи најслабиот 1.6 литарски бензинец
Coupe доаѓа опремено со полу кожен ентериер, клима уред, 4
воздушни перници, имобилизатор, централна брава со далечинско, електрика на
стакла и ретровизори и леснометални бандажи со пречник од 16 инчи, ABS, EBD и TCS.
Интересно е што најслабиот модел со 1.6 литарски бензинец
наоѓа и најмалку купувачи. Токму затоа во понудата за македонскиот пазар стои
моделот 2.0, додека најмоќниот 2.7 V6 се добива по
нарачка.
Четирицилиндерскиот бензинец остварува максимални 143
коњски сили доволни за забрзување до 100 km/h за 9,3 секунди и
максимални 208 km/h. V6 нуди максимални 167 КС при 6.000 врт/мин и вртежен момент
од 245 Nm при 4.000 врт/мин со чива помош купето спринтува до 100 km/h за 8,6
секунди и оди до максимални 225 km/h.
Послабиот бензинец сериски доаѓа опремен со пет степен
мануелен менувач, додека за V6 е обезбеден шест степен. Како опција и за двата модели
се нуди менувачот наречен H-matic чива конструкција ја потпишуваат експертите од Porsche кој покрај
автоматското префрлање по шесте степени на пренос нуди и мануелен модус на
работа.
Покрај двете опции на менување, H-matic го нуди и
системот HIVEC Hyundai Integrated Vehicle Electric Control кој го учи
начинот на возење на возачот или возачите, доколку повеќемина се менуваат зад
воланот и автоматски се прилагодува спрема новиот стил на возење искористувајќи
го оптимумот од моторот при типично возење на пат.
Цената на Hyundai Coupe 2.0 со пакетот Extreme кој опфаќа
кодирано палење, тонирани стакла, централна брава со далечинско, аларм, електрика
на стакла, електрични ретровизори со греење, хромирани надворешни ртеровизори,
серво волан со местење по висина, 4 воздушни перници, автоматски клима уред,
алуминиумски бандажи, светла за магла, ABS, контрола
на тракција TCS, кожен ентериер и заден спојлер, изнесува 23.990 евра.
|