|
22.05.2008 |
По подолга пауза наследникот на оригиналниот Twingo пристигна во Македонија. Најмалиот
член на семејството Renault од сега ќе им биде достапен и на нашите купувачи.
Новаков треба да ја наследи успешната кариера на својот предходник и како
за почеток се нуди со поголема палета на мотори. Застапникот за групацијата Renault-Nissan кај нас, Аутомотив
Груп го продава Twingo во неколку бензински и дизел верзии и со богатство од опрема.
Моторната понуда стартува од бензинецот со зафатнина од 1.2
литри со 60 и 75 коњски сили, а круна е верзијата со турбо полнач кој од 1.2
литарецот извлекува 100 коњски сили доволни за малечкото да му понуди вистински возачки страсти на својот сопственик. Меѓу нив е сместен и познатиот турбо дизел
1.5dCi кој се нуди само во верзија со 65 коњски сили.
Twingo за разлика од својот претходник на тестот за безбедност на Euro NCAP освои 4 ѕвезди, односно
со 28 бодови од можни 37. Што значи дека сега Twingo е многу побезбеден автомобил од
својот претходник кој во 2003 на EuroNCAP освои само 3 ѕвезди.
Освен безбедност во Renault се потрудија новото Twingo да биде многу подинамичен, но и попрактичен автомобил поради што
автомобилот денес и се обраќа на широка група на купувачи.
|